14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколоски: Хуманитарните пакети на Заев се за купување гласови.

Николоски: Хуманитарните пакети на Заев се за купување гласови.

Денес на цела македонска јавност и стана јасно дека Зоран Заев и неговото семејство делат поткуп, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, по полициската акција во Струмица во магацинот каде волонтери пакувале пакети со храна од донациите на семејството на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

„Во услови на најтешка здравствена и економска криза тие нечовечки се обидуваат за неколку прехранбени производи да купат луѓе, да го купат нивниот глас на следните избори затоа што само на тоа мислат. Денес на цела Македонија и се потврди тоа што Струмица долго време го знае дека Заев победуваше за градоначалник не на чесни туку на наместени избори во кои тој купуваше масовно гласови. Тоа го видовме и од материјалите објавени во италијанскиот весник „Ла верита“, напиша Николоски на фејсбук.

Притоа, тој праша колку вкупно т.н. помош била поделена со точни количини на сите продукти и дали Заев може да покаже фактури дека тие производи се платени?

„Или истите се обезбедени со рекет од фирмите производители и дистрибутери? Да докаже потекло на парите со кои се платени ако се платени? По кој критериум се поделени производите, зашто на едни граѓани се делени, а на други не? Дали донациите се пријавени? Бонус прашање за денес – ако е се во ред зашто брат му Вице урлал во полициска станица во Струмица вчера и се заканувал од позиција на сила на полициските службеници?“, праша Николоски.

Инаку, од МВР соопштија дека полицијата затекнати 11 лица и пакети и бил извршен увид, додека Заев реагираше дека ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хумантирна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...