11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Македонија одлично се справува со вирусот, за скоро време може и...

Филипче: Македонија одлично се справува со вирусот, за скоро време може и за избори да размислуваме.

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција зборувајќи за тоа кога се планира да се одржуваат избори, рече дека дури тогаш кога ќе може со сигурност да се каже дека бројот на заболени се намалува, дека дефинитивно станува фактор во трансмисија под единица, како што е сега просекот на ниво на цела држава, ќе може да се планираат и други активности.

Тој потенцираше дека во овој момент се уште не било разговарано во рамки на активностите и состаноците на Комисијата за заразни болести за спроведување на изборите но јасно станува дека и преку министерот за здравство, власта полека почнува да го подготвува теренот за изборна битка.

– Сметам дека ако нема таква работа и трендот се задржи и во следните денови сигурно во овој период од месец, два, летните месеци, ќе бидеме во една ситуација во која што доколку граѓаните коректно се придржуваат до мерките – носење на заштитните маски, тоа е една од најбитните работи во спречувањето на трансмисијата на болеста, односно на вирусот, епидемијата ќе ја држиме под контрола, истакна министерот.

Промената на фокусот за новодијагностицирани, излекувани од вирусот и починати каде се нагласува позитивниот тренд на оздравени пациенти, намалувањето на бројот на тестирања, повторувањето на податоците дека трансмисијата на вирусот е под 1 на територијата на Македонија, неприфаќањето на предлогот на Комисијата за заразни болести за викенд карантин за првомајските празници, и повторувањето на плановите дека се прави план за враќање на животот во нормала во Македонија се поклопува со информациите во медиуми дека од владеачката партија веќе наголемо се лицитира со датум за оддржување на избори, како и со изјавата на генералниот секретар на СДСМ дека на избори ќе се оди со маска и ракавици а во просториите за гласање ќе се оддржува дистанца од 2 метри несомнено упатуваат на заклучокот дека во позадина на здравствената и економска криза на големо се подготвува терен за оддржувањето на предвремените парламентарни избори.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...