14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата повторно се предомисли: Газдите кои ги избркаа работниците, скршен денар нема...

Владата повторно се предомисли: Газдите кои ги избркаа работниците, скршен денар нема да земат.

Под притисок на јавноста, Владата пак се предомисли. На денешната седница пак ја измени Уредбата, корегирана само пред два дена со која им дозволи на газдите кои ќе користат државна помош од 14.500 денари за исплата на априлската и мајската плата да можат да отпуштат до 15 проценти од работниците во зависност од големината на фирмата.

Сега пак го враќа старото правило – газдите да не смеат да го намалат бројот на вработени во месец април, како и два месеци после нејзиното престанување, односно до крај на јули освен во случаеви кои им ги дозволува законот – како пензионирање, смрт на работник, отказ од работникот или од работодавецот ако работникот ги прекршил редот и дисциплината и слично.

А се овозможува компаниите и ретроактивно да ги вратат на работа и тие на кои им дале откази.

„Работодавачите кои ќе се согласат на ретроактивно вработување на лицата на кои им престанал работниот однос во периодот од 11 март до 30 април, тоа ќе можат да го направат до 7 мај, и на тој начин да ги исполнат критериумите за да се стекнат со правото на користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај“- соопшти Владата.

Уредбата повеќе пати претрпе измени, во зависност од тоа чиј притисок беше поголем. Владата прво падна на апелите на бизнисот дека не можат да гарантираат дека ќе ги задржат работниците до септември, па ја измени уредбата и рокот беше до јули. За потоа пак под притисок на бизнисот да овозможи да можат да ја коористат мерката иако отпуштиле одреден процент раборници. Но, откако се кренаа синдикатите и здруженијата на граѓани, пак ретерираше и пак ја врати забраната за откази. Инаку компаниите кои сакаат да ја користат државната помош требаше да почнат да аплицираат од денсека 1-ви, а заклучно со 7 мај.

А дека корона кризата го зеде данокот и на пазарот на труд стигна потврда и од Агенцијата за вработување. „Телма“ дознава дека само во април 6.752 лица изгубиле работа. Со ова вкупно за двата месеци додека трае кризата речиси 8.700 лица останале без работа. Бројките за април се уште не се официјално објавени, но за „Телма“ ги потврди Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска. Дознаваме и дека голем дел од работниците кои изгубиле работа биле приморани да потпишат спогодбени откази, а со тоа не можат да земаат надоместок од Агенцијата.

Владата нив им нуди социјална заштита односно гарантиран минимален доход, каде се бројат приходите на целото семејство.

Синдикатите бараа од Владата овие лица кои се отпуштени за време на кризата по било кој основ, да можат да земаат надоместок од Агенцијата за вработување, но се уште се чека владината одлука.

Инаку сега вкупната бројка на невработени во април се искачи на 114.776 лица, бројка која сме ја немале од почетокот на 2016-та, од кога невработеноста почна да паѓа.
телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...

Нов пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид

Попладневно, избувна пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица на град Охрид.

26-годишно момче од село во Македонска Каменица се обидело да силува 68-годишна жена од соседното село !!

На 15.04.2024 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода А.В.(26) од село во Македонска Каменица, постапувајќи по...

Затвореник од Идризово во својот дом ја нападнал сопругата, запалил дел од облеката, ги земал децата и исчезнал

На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од...