9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаСветНема да има втор бран на коронавирус: Познатиот француски доктор го шокираше...

Нема да има втор бран на коронавирус: Познатиот француски доктор го шокираше светот (Видео)

Познатиот француски доктор Дидие Раул не верува дека епидемијата на коронавирус ќе има втор бран.

Епидемијата го достигна врвот, опаѓа и тој пад продолжува, тврди Раул.

ој вели дека ова се рефлектира во крива во форма на ѕвоно и дека тоа се случува во повеќето случаи кога станува збор за појава на вирусни епидемии. Францускиот професор посочува дека таквата зараза одеднаш се развива и наеднаш исчезнува без да се знае зошто.

„Приказната за враќањето е фантазија базирана на шпанскиот грип, што нема никаква врска со ова“, рече директорот на Медитеранската клиника за инфективни болести во Марсеј.

Тој се огради дека треба да биде претпазлив, бидејќи не може да ги предвиди работите, но додаде дека датумот на 11 мај, кој Франција го постави за почеток на укинувањето на изолацијата, не е чуден. Се надоврза на истражувањата на математичарите од Сингапур кои ја пресметуваа кривата што опаѓа во сите земји.

– Во Франција, врз основа на оваа анкета, 97 проценти од случаите ќе бидат на 7 мај, а 99 проценти ќе бидат на 19 мај – рече Раул.

Исто така истакна дека по напуштањето на општиот карантин, треба да се изолираат само позитивни случаи, но додаде дека преносот на вирусот би бил многу послаб отколку сега.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...