24.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаСветДевојка која излегла да го прослави крајот на карантинот, паднала од карпа...

Девојка која излегла да го прослави крајот на карантинот, паднала од карпа и загинала

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Олесија Сусписина (31) од Казахстан паднала од карпа висока околу 35 метри додека позирала за фотографија.

<

Инцидентот се случил во популарниот парк Дуден кај Анталија, познат по прекрасните водопади, и тоа откако девојката излегла од повеќенеделниот карантин наметнат од локалните власти.

Таа била на прошетка со пријател, кога решила да се фотографира на работ на карпата веднаш покрај водопадот.

Дошла до безбедносната ограда и почнала да позира, додека нејзиниот пријател фотографирал.

Во еден момент несреќната девојка се лизнала на тревата, загубила рамнотежа и паднала од карпата висока околу 35 метри.

Нејзиниот престрашен пријател повикал брза помош. Безживотното тело на девојката подоцна било пронајдено и извлечено од водата.

Во последните пет години, Сусписина работела како туристички водич.

Турција воведе строги мерки за борба против коронавирусот, а во земјата регистрирани се околу 118.000 заразени и повеќе од 3.000 мртви.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...