6.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПакетите со храна кои беа предвидени за помош од фамилија Заеви биле...

Пакетите со храна кои беа предвидени за помош од фамилија Заеви биле со поминат рок.

Операцијата која се водела навечер, далеку од очите на јавноста е всушност операцијата на фамилијата Заеви кои во магацините на нивните фирми подготвуваат пакети т.н. „хуманитарна помош“ за која опозицијата обвинува дека е всушност предизборен поткуп. Но обвинувањата за поткуп не пристигнуваат само од опозицијата, туку и од оние кои добиле таква „помош“ – луѓе кои со пакетите храна добиле и абер, дека на изборите, кога и да се одржат треба да размислат за кого ќе гласаат, а кога ќе размислат би било подобро за нив да го одберат СДСМ, пишува Инфомакс.

Како користењето на стравот од коронавирусот за купување на гласови да не е доволно скандалозно, операцијата која се водела во магацините на Заеви дополнително ја замрсува ситуацијата.

Според информациите на „Инфомакс“, во магацините на Заеви во кои се чувале производите за „хуманитарната помош“ полицијата пронашла голем број на прехрамбени продукти со изминат рок на употреба, а биле пронајдени и лажни декларации со кои се заменувале старите – оние на кои бил испишан рокот на траење на веќе расипаните продукти.

И покрај полициската интервенција, Заеви не престануваат со предизборниот поткуп, па во текот на вчерашниот ден шлепер со ваква „помош“ пристигна и во Неготино.

За ова акција на својот ФБ профил се пофали и градоначалникот Тони Делков. Од полицијата се уште нема официјално соопштение за евентуално поднесени кривични пријави за прекршување на наредбата за полициски час, но и за загрозување на здравјето на граѓаните на кои им се дели „помош“ од производи со поминат рок на траење.

Пишува/: Инфомакс

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...