9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаАвстралија„За нас Гоце е само Македонец“: Во Мелбурн одбележана годишнината од смртта...

„За нас Гоце е само Македонец“: Во Мелбурн одбележана годишнината од смртта на Делчев

spot_imgspot_img

Македонците од Мелбурн одбележаа 117 години од смртта на македонскиот револуционер
Гоце Делчев пред неговиот споменик во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи и Пресвета
Богородица“.
„За нас Македонците Гоце Делчев е само Македонец, а нашето историско минато било и ќе остане само македонско. Вечна му слава на македонскиот великан Гоце Делчев“, рече во обраќањето Мирчо Ангеловски, претседател на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија.
„Овие договори се неприфатливи и бараме веднаш да се поништат бидејќи немаат
соодветна реалност со нашиот идентитет и со македонската историја“, додаде тој Поради пандемијата од коронавирус и забраната за собири со повеќе од пет луѓе,
годишнината помина без голем народен собир.
Панихидата ја извршија архимандритот Гаврил и отец Климент Станковски.
Извор: falanga.com.au

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...