14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЗаедницаИн Мемориам  ГОЦЕ МУРГОСКИ Прилеп 14.11.1954 – Сиднеј 28.04.2020

Ин Мемориам  ГОЦЕ МУРГОСКИ Прилеп 14.11.1954 – Сиднеј 28.04.2020

Гоце Мургоски, син на Киро и Мара, основно и средно образование завршил во родниот Прилеп.

Работел како електричар во Текстилната фабрика „Биљана“ во Прилеп каде активно бил вклучен во КУД во истата фабрика.

Во Австралија се доселил во 1989 година каде што продолжил да работи како електричар во повеќе фирми.

Поткован од животот и духот на Ченто овој пргав Прилепчанец во македонската заедница активно се вклучил во општествена дејност во повеќе организации.

Гоце беше еден од иницијаторите за формирање на Прилепското социјално друштво „Методија Андонов Ченто“ во Сиднеј каде од самиот почеток во 1995 година завземаше функција на претседател. Преку ова друштво секоја година организираше хуманитарна вечер и често пати хуманитарна помош се испраќаше во Македонија.

Во 2017 година активно се вклучи во активностите на Светскиот Македонски Конгрес и во последните две години завземаше функција на извршен член на СМК за Австралија и заменик претседател на огранокот во Нов Јужен Велс. СМК од Австралија во последните две години активно беше вклучен во организирање на јавни протести и потпишување на повелби и барања за заштита на македонскиот јазик, нација и државност.

Македонската заедница во Сиднеј и пошироко загуби уште еден патриот, голем борец за правата на Македонците, кој секогаш го ценеше делото на Ченто и го промовираше неговиот идеал – ослободување и обединување на Македонија.

За многу години да му се слави името и делото!

Македонска Нација

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...