19.4 C
Ohrid
недела, септември 8, 2024
ПочетнаМакедонијаНи коронавирусот не ги спречи стружани да ја одржат традицоналната литија со...

Ни коронавирусот не ги спречи стружани да ја одржат традицоналната литија со чесниtе мошти на Светиот Великомаченик Георгиј

Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона.

Ни корона вирусот не ги спречи стружани по единаести пат да се одржи се одржува литијата со моштите на Св. Георги Победоносец во истоимената градска црква. Моштите беа донесени од истоимениот манастир од Рајчица, Дебар. На процесијата синоќа присуствуваа голем број верници. Масовноста на православните верници од година во година станува се поголема и покрај новонастанатата ситуација верниците не ја заборавија оваа традиција, мал дел од верниците носеа заштитна маска и покрај препораките на министерството за здравство да се носи заштита и да бидеме одалечени на метар и половина. Повозрасните стружани се потсетија на некогашните времиња кога се празнувал овој ден.

За нив овој ден е најзначаен. Прославата на овој ден не запрела, ни како што велат, во периодот на едноумието. Раскажуваат дека на Ѓурѓовден се одело в црков, попот вртел околу црквата и се враќал назад, а сега се поминува низ градот.

Традицијата на литијата или ордијата како што ја нарекуваат стружани е вековна, а се изведува на вториот ден од празникот Ѓурѓовден. Како што вели, протојереј Васко Голабоски, процесијата во Струга датира од 18 век. Церемонијата започнувала во црквата со носење на чудотворната икона на Св Георги, беспрекорно уметничко дело, кое датира од 16 век. Свештениците на Светата Македонска Православна црква упатија порака до сите верници и граѓани на Струга.

Протојереј Голабоски ја повтори пораката која одсекогаш се упатувала до граѓаните за духовно единство, созревање и соединување со Бога, за меѓуетнички и религиски соживот на граѓаните кој од старо време бил беспрекорен. На овој ден се органзира ручек кој бил наменет за сиромашните граѓани, а подарен од богатите. Во донирањето на ручекот биле вклучени и православните и мулиманските верници, а ручекот го служеле богатите“, потсетува Голабоски.

 Моштите на Св. Георгиј Победоносец се донесени во Македонија во 2003 година од Светогорскиот скит Кавсокаливија. Архимандриотот Епифаниј од Атина ги подарил на архимандритот Партениј за метохот на Св. Георгиј Победоносец во с.Рајчица. Моштите на Св. Георги Победоносец се познати по своето чудотворство и исцелителност.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...