10.9 C
Ohrid
понеделник, октомври 18, 2021
Почетна Македонија Од полициски автомобили направено Македонското знаме, денес беше одбележан денот на полицијата.

Од полициски автомобили направено Македонското знаме, денес беше одбележан денот на полицијата.

Translate (Eng):[gtranslate]

Македонската полиција останува гарант во заштитата на уставно-правниот поредок и на спроведувањето на законите, како и на личната и имотна сигурност на секој наш човек.

Пораката ја испрати Министерот Чулев, на денот кој го празнува македонската полиција.

7-ми мај одбележан во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, каде што специјалците ги демонстрираа способностите, а не изостана и едноминутната почит за загинатите.

РЕКЛАМА

Некогаш и самиот Министер на полицијата, а сега Технички Премиер, на честитиките се придружи и Оливер Спасовски. Истакна дека е воспоставена професионална и стручна полициска служба.

За потребите на празникот на полицијата, беше изработен и спот, чија цел, според Чулев, е да го зајакне моралот на полициските службеници.

Чулев посочи дека видеото е посветено на сите полицајци, но и здравствени работници и припадници на армијата и на сите кои се во првите редови со справувањето со пандемијата од коронавирусот. Изработката на спотот чинела 300 евра.