7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13: Колку и да ви звучи лудо, но јас ќе сум...

Боки 13: Колку и да ви звучи лудо, но јас ќе сум идниот премиер на Македонија.

Обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, денес во Основниот суд Скопје 1 ја даваше својата одбрана.

Во почетокот на неговото излагање тој зборуваше и за неговите први средби со специјалната обвинителка Катица Јанева која е второобвинета во предметот Рекет.

Боки 13 изјави дека вработувањето на синот на Јанева, Лазар Јанев дошло по првата средба со обвинителката која се пожалила дека синот правник е невработен.

Јовановски тврди дека Камчев го злоупотребил името на Јанев и дека со тоа почна дискредитација на Катица Јанева затоа што лажно посочил во судот дека добил документ потпишан од Лазар Јанев.

„Сум разговарал со Катица Јанева за многу работи, за љубовни проблеми зборував со неа, ја прифати без проблем мојата сексуална определба која во целиов процес им е проблем на други, и кога ме притвораа, и еден премиер ме нарече јавно еден пе дер, ама за тоа подоцна ќе зборувам.

Со Јанева имав пријателски однос затоа што таа беше непосредна жена. За конкретен предмет односно Империја не сум разговарал со неа. Јас ја запознав во септември а тој предмет се видел една година претходно. Овој предмет е направен за спас на Јордан Камчев и за рушење на СЈО, како и за уривање на 1ТВ“, рече Јовановски.

Тој им се обрати на обвинителката Вилма Русковска и на Судот, посочувајќи дека штета е што не е дозволено вештачење на неговиот мобилен телефон, затоа, како што рече, нема ништо избришано од него.

На крајот од своето неколкучасовно сведочење, првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, порача дека по завршувањето на процесот планира да се занимава со политика бидејќи е политички затвореник.

„За вас можеби ќе биде банално, некои аналитичари можеби ќе сметаат дека сум полудел, од овој момент кажувам дека пред вас стои следниот лидер на оваа земја и планирам да се занимавам со политика, рече Боки.

Сепак, претходно ја праша судијката дали ќе му гарантираат безбедност по денешниот исказ.

-Јавниот обвинител е должен да земе исказ од обвинет пред да се покрене обвинение, но тоа не беше случај со Рекет. Рускоска се правдаше дека ќе сум глумел дека сум болен па затоа не ме испраша.

Па и поранешниот премиер Никола Груевски не беше овбинет за организација на 27април оти не можеше да му биде земен исказ оти е во отсуство. А за мене тоа не беше случај, рече Боки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...