8.9 C
Ohrid
вторник, март 19, 2024
ПочетнаМакедонијаВерници масовно купуваат темјан

Верници масовно купуваат темјан

Македонската православна црква-Охридска архиепископија пред и за време на велигденските празници бележи рекордна продажба на темјан, како и ќумур и кандила за палење темјан. Имало денови кога во црковните продавници не можело да се најде ниту ќумур ниту темјан. Верниците велат дека пред Велигден во многу продавници барале темјан, но многу тешко можеле да најдат.
Луѓето што работат во црковните продавници посочуваат дека вакво нешто се случува првпат и досега не забележале вакво масовно купување темјан за користење во домашни услови.

Многумина, пак, ова го поврзуваат со актуелната состојба со коронавирусот, а луѓето го користат темјанот како превентива од ширење на заразата и како средство за прочистување на домот. Веруваат дека темјанот помага во уништување на бактериите и на вирусите.
Свештениците велат дека имало случаи кога темјанот бил купуван од луѓе што имаат проблем со камен во бубрег или во жолчка. Во тој случај се препорачува да голтаат по едно зрно темјан.
– Забележавме зголемена потрошувачка на темјан изминатиот период. Ги потрошивме и резервите што ги имавме. Обично темјанот го набавуваме од Грција или од Србија – велат свештениците на МПЦ.

Оттаму посочуваат и дека монасите од манастирот „Света Богородица“ во Берово произведуваат темјан.
Инаку, темјанот од древни времиња претставува ароматична смола, која извира од резовите на стеблото на дрвото ливан, па оттаму доаѓа името „темјан“.
Иако поседува многубројни лековити средства, за темјанот повеќето луѓе не знаат речиси ништо. Според верувањата, темјанот во домот им носи добро здравје на сите членови на семејството
Токсиколошките истражувања во поново време покажале дека екстрактите од темјанот се безбедни како за надворешна така и за внатрешна употреба.

Во ароматерапијата, темјанот се користи за ублажување и лекување на депресијата, хистериите, стресот и напнатоста.
Запалената смола од темјан вообичаено има доста интензивен мирис, па кај одредени личности може да предизвика и непријатност.
Според теолошкото објаснување, препорачливо е дома да се покадува со темјан редовно, секогаш придружено со молитва.

– Кога човек се моли, препорачливо е да кади со темјан дома. Ароматичниот темјан го симболизира и прославувањето на Бога. Изгорувањето на темјанот означува поклонение и искупување. И пријатното чувство што се создава од миризбата на темјанот во целото пространство на божјиот храм означува полнотија на нашите срца со божествена наслада, тоа е плод на нашата љубов кон Бога – велат теолозите.
Според нив, како што темјанот, кој се вжештува на јагленот, се издигнува нагоре и ароматизира наоколу, така и душата на верникот со силна вера треба да се вивне нагоре, одделена од материјалните нешта и грижи. Дното на кадилницата го покажува смирението на Христос, огнот – неговото божество, а ароматичниот дим нѐ „исполнува“ со благоуханието на Светиот Дух.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Потпишани барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани, информираат денеска од Министерството за правда. Како што појаснуваат...

Јакимовски: Ми го прават истото што му го прават на Трамп

Градоначалникот и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски на вонредна прес конференција доцна вечерва изјави дека е изненаден од одлуката на Стејд Департментот...

Битолчанец со трактор сакал да влезе во казино, па заврши во полиција

Несекојдневен настан се случило синоќа по полноќ за кој информираше МВР, а за истиот настан се вели: -На 19.03.2024 во 00.30 часот во Битола, полициски...

Тешка несреќа на патот Струмица Ново Село– Загина бебе !!!!

На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново,...