14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСела со писмо до европа ја подржа Бугарија ???- Македонците брутално...

Села со писмо до европа ја подржа Бугарија ???- Македонците брутално ни го негираат јазикот

Претседателот Стево Пендаровски нема право да изјави дека на земјата „не ѝ треба ЕУ“ доколку треба да се исполнат условите на Бугарија во однос на македонскиот јазик, затоа што Македонија им го прави токму истото на своите граѓани, Албанците, вели претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во колумна за бриселскиот портал Еурактив.

Коментирајќи ја изјавата на Пендаровски во врска со бугарското условување во рамките на идните преговори за членство на земјата во ЕУ, Села вели дека емоционалниот одговор на претседателот Пендаровски е разбирлив од гледна точка на политичар, но дека тој е многу неодговорен во однос на интересот на државата и неискрен кон граѓаните на Северна Македонија. Според Села, „Пендаровски е збунет од бугарскиот став и заборава дека е шеф на една држава што го негира истото основно право на една третина од својата популација на уште побрутален начин, со анахрони и антиевропски устав што го сведува албанскиот јазик на јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението и кој е различен од македонскиот“.

Обраќајќи им се на Бугарија и на ЕУ, Села потсетува дека барањето на Бугарија да се однесува само на „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ е неинформирано затоа што го игнорира фактот дека Северна Македонија има два службени јазика: македонскиот и албанскиот јазик, и внатре и надвор од земјата. Врз основа на уставната реалност на земјата, Села додава дека сега е време ова да биде официјално признаено од ЕУ и нејзините земји-членки.

Села во колумната повикува на ангажман на сите политичари со отворен ум, Македонци и Албанци, да се промени овој, како што го нарекува, ретрограден Устав, и да се најде заеднички јазик со бугарските соседи во рамките на заедничките комисии за спроведување на договорот за пријателство меѓу двете земји, што треба да биде стимул за членството на Северна Македонија во ЕУ, а не обратно.

„Пповеќејазичноста е една од основните вредности на ЕУ и јазиците треба да ги обединуваат луѓето и да го зајакнат меѓукултурното разбирање, но во никој случај не треба да создаваат непотребни блокади вратени од минатото“, додава Села.

Според него, потврдувањето на статусот на македонскиот јазик во ЕУ и тој на албанскиот во Северна Македонија и во ЕУ, е совршена можност да се демонстрира суштинскиот придонес на јазичната разновидност во европскиот проект, кој е изграден врз мотото „обединети во различностите“.

извор мкд.мк

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...