13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаТимотеј за струшката литија: Не ми е гајле за реакциите од другите,...

Тимотеј за струшката литија: Не ми е гајле за реакциите од другите, не сум јас полицаец па да му кажувам на верниците да одат или да не одат по улица…

Владиката Тимотеј во изјава за тв Телма во врска со вчерашното скандалозно шетање на литиите низ улиците на Струга на кое, според МВР, имало околу 300 верници, отфрли дека црквата има вина во овој настан.

„Што друго, јас не сум таму полицаец да изигравам. Ние се што можевме, организиравме за да се запазат мерките. Службата што ја организираме внатре, ја направивме надвор. И да има народот место каде да стои да гледа. И во црква претходно повикав наутро и попладнето, го повикав народот само свештенството да иде. Меѓутоа, јас не сум некој што може да му забрани некому да оди по улица. Тоа не е должност на црква“, рече владиката Тимотеј.

Прашан како ги коментира жестоките реакции во јавноста за вчерашниот скандал во Струга владиката изјави:

„Што ми е гајле за реакциите. Што да правам јас. Да се извинувам на некого треба? Затоа што сум направил редовна богослужба, која традиционално се одржува со векови“, изјави владиката на МПЦ-ОА, Тимотеј во чија епархија е и Струга.

Струшкото обвинителство отвори предмет по допрен глас за вчерашната литија. Со верските поглавари на МПЦ-ОА и на ИВЗ претпладнето разговарал претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче со замолница двајцата поглавари да се заложат верниците да ги почитуваат вонредните мерки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...