14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаОТЕЦ ПАРТЕНИЈ: Бугарската егзархија е наша   мајка МАКЕДОНЕЦОТ И БУГАРИНОТ СЕ БРАЌА,...

ОТЕЦ ПАРТЕНИЈ: Бугарската егзархија е наша   мајка МАКЕДОНЕЦОТ И БУГАРИНОТ СЕ БРАЌА, КОИ ИЗЛЕГЛЕ ОД ЕДНА ИСТА ЦИВИЛИЗАЦИСКА ЛУЛКА-

Игуменот на Бигорски манастир архимандрит Партениј го завршил Теолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Потоа заминува за Света Гора, а во 1995 година оди во Бигорскиот манастир, каде се замонашува.

Истата година е ракоположен за јеромонах, а следната година станува игумен на манастирот.

Во 1998 година е ракоположен за архимандрит. Негово дело е и обновата на Бигорскиот манастир.

Интервју на Стојко Стојанов 17 Август 2017

Ваше Високопреподобие игумен Партениј, ставот на монасите од Бигорскиот манастир по потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Македонија предизвика голем интерес кај нас, што ве натера прв од свештенството на двата народа да застанете зад овие историски вистини, надвор од политичките интереси?

– Како монашко братство, кое и служи на вистината и ја познава историјата, ние секогаш сме зборувале за потребата од пријателство и добрососедство, без разлика која политичка партија беше на власт.

На ист начин ја изразивме својата позиција по Договорот, бидејќи македонскиот и бугарскиот народ имаат одлични предуслови да живеат во братољубие и меѓусебно почитување.

Тука, пред сè, ги имам во предвид сите нешта од историјата кои силно не поврзуваат, почнувајќи од активностите на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј и нивните ученици, па до денес.

Токму затоа, кога овој природен и долгоочекуван договор беше потпишан веднаш и нелицемерно го поздрави. Ние поддржуваме еден многу важен за општеството договор, чија генеза започнува уште од прогласувањето на независноста на Република Македонија и чија идеја беше разгледувана од сите досегашни влади на нашата земја.

За нас нема никакво значење која влада го потпишала Договорот, а тоа што тој конечно беше реализиран и веруваме дека иднината ќе им донесе благосостојба на Македонија и Бугарија.

Ние би изгледале лицемери, ако сега не го поддржиме она за што долго време сме се залагале.

Дали и Охридската архиепископија се приклучува кон Вашата родољубива позиција , бидејќи таа го објави вашиот став на својот сајт?

– Целосно. За повеќето од архиереите на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), знаеме дека сигурно не поддржуваат. Меѓу нив е и нашиот Дебарско-Кичевско митрополит Тимотеј, кој многу добро ја познава историјата и е свесен за актуелните прашања. Покрај тоа поголемиот дел од свештенството на МПЦ-ОА е запознато со нашето размислување за ова прашање.

Велите јасно дека речиси еден век во колективната свест на македонскиот човек и народ се „вбризгувани“ „пропагандни отрови“, кои од нив беа најопасните?

– Всушност овие пропагандни отрови го трујат македонското население од многу одамна – можеби од средината на XIX век. Но особено страшна и неподнослива ситуацијата станува откако Вардарскиот дел од Македонија потпаѓа под српска власт во 1918 година. Тогаш започнува системското србизирање на македонскиот народ. Најсилно настрадало македонското свештенство, кое останува верно на својата месна црковна хиерархија – Егзархијата. Егзархиските владици се протерани, многу игумени, монаси, свештеници се мачени и убивани.

За тоа сме пишувале многу пати …

Српската пропаганда од тоа време го забранува сенародното славење на делото на Светите Кирил и Методиј, Свети Климент Охридски, на сè што го поврзува народот со неговите духовни корени.

Да не зборуваме за дејците на ВМРО: било доволно некој само да го спомне името на некои од ликовите на ВМРО, за да биде убиен …

Тука сакам да констатирам дека денес ние немаме ништо против Српската православна црква, ниту против српскиот народ – ниту трошка омраза, но сепак историјата треба да се знае, за да не се повтори.

Пропагандата продолжува и во времето на комунизмот, особено по Информбирото во 1948 година и влошувањето на односите меѓу Југославија и НРБ. Тогаш започнува безмилосна кампања против вистинската приказна. Одеднаш, во учебниците по историја Егзархијата се претвора во најголемиот непријател на македонскиот народ и се крие фактот дека многу македонски духовници, преродбеници, наставници, јавни дејци учествувале во нејзиното создавање, со радост ја прифатиле и биле дел од неа .

Потоа, од македонската историја свесно се избришани и оцрнување настани и личности кои се нераскинлив дел од неа. Така, на пример, Тодор Александров е претворен во една од најомразените личности, бидејќи “се борел против Македонија! Дали ја гледате иронијата ?!

Истото се случува и со Маршот на македонските револуционери „Изгреј зора на свободата“. Во Македонија се уште има луѓе кои не знаат дека оваа песна е всушност официјалната химна на првата македонска држава од 1945 до 1948 година. А потоа одеднаш станува неприфатлива и непријателска. Размислете само колку силно таа го изразува внатрешниот копнеж на поробениот Македонец за слобода: „со юнашка крв ќе ви удавим и пак ќе се ослободим“. Каква болка за Татковината треба да чувствува човек, за да ги испее овие зборови! Возвишено!

Доста големи штети нанесе на македонскиот народ и романтичната теза дека македонскиот народ има директно античко потекло. Никој не го оспорува тоа дека сите епохи остават културно наследство за следните, но да се нагласува толку силно на античкото потекло, за сметка на она што е автентично твое и блиско по дух, е неосновано и ненаучно.

Народноста е културно-историска категорија, а не лабораториска генетика. Јазикот верата и територијата, според историографската наука, се трите главни главни фактори за оформувањето на одредена етничка група.

Колку штетно и погубно е да градиме некаков мит и романтична приказна, да поверуваме во него и да занемариме такви личности и настани од нашата вистинска историја, со кои можеме да се гордееме пред целиот свет.

Пример за ова се Светите Седмочисленици и нивните следбеници, кои не со меч и крв, а со словото Божјо, со добрина и љубов обединиле огромни народи и простори. Овие луѓе се богатство за целиот свет и со право можеме да ги наречеме татковци на цела Европа, бидејќи тие проповедаат идејата за равноправност на сите народи и јазици десет века пред создавањето на обединета Европа. Еве, ова се главните ликови и родоначалници на нашата заедничка историја.

– Кои бугарски, македонски и меѓународни сили имаа и имаат интерес двата братски народи да се мразат речиси век и да живеат во раздор?

– “Нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските управувачи на темнината од овој век, против злобата и духовите на злобата” (Ефес. 6,12) – напишал големиот учител и просветител на народите, свети Апостол Павле.

Затоа, сметам дека силите кои дејствуваат против братољубието и шират омраза, ги има во сите народи. Впрочем, злото дејствува и во нас самите, затоа е потребна борба најнапред со нашиот сопствен егоизам, злото, како што вели современиот светител Паисиј Светогорец: “Ако не се трудиме доброто да надвладее во нас самите, како тогаш истото ќе може да надвладее во светот “…

Значи, изворот на овие сили ни е познат, а оружјето против него ни го дава Апостол Павле во посланието до Ефесјаните:

“Затоа земете го Божјото оружје за да можете да го издржите злото во денот кога ќе совлада се и ќе му одолеете. Стојте препашани со вистина преку половината и облечени во правдата како оклопен наградник, а нозете нека ви бидат потковани со подготвеност преку Евангелието на мирот.

А и покрај сето тоа, земете ја верата за штит, со кој ќе можете да ги згаснете сите огнени стрели на неправедникот; земете го спасението и мечот на Духот, кој е Божјото Слово; (Ефес. 6,13-17) “.

– Што се промени во Македонија и зошто верувате дека е дојдено времето слободно да го изразите своето мислење за овие важни државни прашања?

– Нашето братство е познато по тоа што постојано сведочи за вистината и често зазема позиција, дава изјави апели, проповеди. Значи, не е за првпат да му дадеме глас на своето мислење за нешто што е од општествено значење.

Како што веќе реков, го поддржавме потпишувањето на Договорот.

– Која е последната канонска Црква, присуствувала на ваша територија, пред пристапувањето на територијата на денешната држава Македонија кон Југославија, тоа не е ли Бугарската егзархија, која 1945 година добива признание од Вселенската Патријаршија?

– Тоа е непобитен историски факт. Овде би додал дека и главните дејци и борци за обновувањето на автокефалноста македонска црковна хиерархија биле воспитаници, клирици и припадници токму на Егзархијата.

– Не е ли редно тогаш вашата Црква да добие автокефалност од Софија, бидејќи условно кажано едната е црква мајка, а другата е црква ќерка?

– Искрено веруваме и се надеваме дека Бугарската партиаршия, како наследничка на Егзархијата, има целото историско и канонско право, но и обврска да ја признае автокефалноста на Охридската Архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква. Бидејќи едни од најголемите борци за нејзиното создавање и функционирање биле токму од Македонија. Меѓу нив се Рајко Жинзифов од Велес, Константин и Димитар Миладинови, Јордан Хаџи-Константинов-Џинот, Григор Прличев, Методи Кусев и многу други. Тука е и нашиот познат писател, јавен деец и револуционер Натанаил, роден во скопското село Кучевиште, кој во септември 1872 година е ракоположен за прв егзархиски митрополит во Охрид.

Меѓу најпознатите борци за создавање на Егзархијата е и најголемиот възрожденец, писател, народен деец и духовник Партениј Зографски (родум од Галичник), митрополит Полјански и Нишавски, кој за малку да стане и прв водач на Егзархијата.

Скопскиот митрополит Неофит, роден во Охрид, архимандрит Панарет (подоцна Брегалнишки епископ), по потекло од Ресенско, Велешкиот митрополит Мелетиј и архимандрит Евлогиј родени во Битола, се исто така дел од високиот клир на Егзархијата.

Нешто повеќе, токму македонското свештенство и население гине и страда за Егзархијата за време на српскиот режим. И ќе биде жално ако ние, денешните нивни потомци не добиеме рака од Софија. Затоа Бугарската црква, како единствената вистинска и достојна Мајка Црква, со отворено срце треба да признае Македонската црква, која веќе половина век успешно ја врши својата пастирска и евангелска мисија, и е прифатена од сите православни, без разлика на нивната национална припадност.

Еве еден пример: во братството на Бигорскиот манастир имаме монаси – Србин, ром, Палестинец, а во моментов и еден послушник Албанец.

– Дали мислите дека Вселенската патриаршија има основ да се вознемирува од фактот ваши духовни лица се  обучаваат во училишта на Руската црква и така Кремљ се зближува со  Света гора за да го зајакне своето влияние на Балканите?

– Наши деца учат православно богословие не само во Русија, туку и во Грција, Романија, Бугарија… Ние имаме исклучително добри односи и со многу црковни великодостојници од Вселенската патријаршија, Атинската архиепископија и Света Гора. Не сме запознаени со високите геостратешки политички игри, ниту пак сме заинтересирани за нивното евентуално дејствување. Едноставно, нас православните треба да нè интересира единството и љубовта во Христа.

– Ве загрижува ли  молкот на Бугарската православна црква за постигнатиот историски Договор меѓу двете држави?

– Очекуваме и таа со радост да го прифати и да дејствува во правец на горе кажаното. Многу од архиереите на Свештениот Синод на БПЦ, со кои и лично се познаваме, го поздравуваат овој Договор, имаат голема благонаклоност кон МПЦ-ОА и сакаат да ја видат во заедница со сите помесни православни цркви, како автокефална. Меѓу нив е и смиреномудриот и богопросветлен Патријарх Бугарски, Неговата Светост Неофит, со кого имаме лично пријателство.

– Но БПЦ не го коментира канонскиот случај за црковноста на вашата територија, можно ли е зад ова однесување да се кријат руски интереси?

 

– БПЦ сега треба храбро и братољубиво да постапи и да ѝ подаде рака на Охридската Архиепископија. За тоа не се потребни никакви туѓи инструкции, туку едноставно прифаќање на историската вистина. Во таа насока, секако, би содејствувала и Руската Православна Црква, која е голема сила во православниот свет и која одлично знае каде е вистината. Уверен сум дека и таа посакува конечно да се исцели оваа голема рана на Православието и да се исправи историската неправда, така што би требало да ја поддржи БПЦ во овој спасителен потег.

 

– Дали за вас е прифатливо Софија, а не Москва да биде посредник во спорот за вашата црква меѓу  Скопје, Цариградската патриаршија и Белград?

 

– Навистина би било срамно, покрај толку голема историска и канонска поврзаност меѓу нас, која сите ја знаат, особено Москва, да дозволиме медијатори да ја имаат пресудната улога во решавањето на прашањето со нелогичното непризнавање на МПЦ-ОА. Жално е што денес Охридската Архиепископија има нерешен статус. На томосот за автокефалност на Руската Црква потпишан е и тогашниот Охридски Архиепископ со неговата официјална титула што ѝ е позната на црковната и научната јавност. Впрочем, и Охридската Архиепископија е нешто што силно нè поврзува, зашто таа со векови била наша заедничка црква. Затоа нејзиното признавање од страна на БПЦ би преставувал голем историски чин, кој ќе го запечати духовното сродство и братољубието помеѓу нашите народи.

 

–  Како ние како Бугари и Македонци треба да ги зачуваме нашата духовна поврзаност и да не дозволиме разликите да станат повторно причина за омраза и раздор?

 

– Со тоа што свето ќе ја пазиме нашата заедничка христоцентрична историја, но во исто време ќе се почитуваме и во своите различности, без вжештени размислувања. На сите треба да ни е јасно дека од нашата општа цивилизациска лулка до денес се издвоиле нашите два братски народа, македонскиот и бугарскиот, секој со своите национални посебности. Заедничката историја и посебното национално чувство денес, треба подеднакво да се почитуваат од двете страни. Тесноградиот квазипатриотизам, заснован на романтични митови и извртено толкување на историските факти, и проследен со непризнавање на меѓусебните различности, му прави многу поголема штета на братољубието и зближувањето од било што друго. Нашата крајна цел е единство во љубовта Божја, а не раздори и омраза. Долги векови сме живееле обединети во таа спасителна вистина. Бог нека нè утврди и сега во љубовта Своја! Амин!

 

Извор: Faktor.bg

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...