13.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаУтре ќе се знае дали ќе се олеснат мерките или ќе се...

Утре ќе се знае дали ќе се олеснат мерките или ќе се зголеми полицискиот час, доколку има голем број на новозаболени..

Сите досегашни мерки за заштита од коронавирусот засега остануваат во сила. Дали ќе има олеснување ќе зависи од трендот на новозаболени од Ковид-19 денеска и утре.

Ова е препораката на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести по вчераодржаниот состанок на кој е разгледана можноста за олеснување на досегашните мерки за превенција и заштита од ширење на коронавирусот.

Трендот на нови случаи со Ковид-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести утре, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното.

Премиерот Оливер Спасовски рече дека одлуките на Владата во однос на мерките ќе бидат базирани исклучиво на мислењето на стручните луѓе.

– Владата на Република С. Македонија ги гради ставовите исклучиво врз база на науката, на база на оние, кои се стручни во областа, затоа што здравјето на граѓаните не може да биде во рацете на политичарите. Мора да биде во рацете на оние кои се грижат за нашето здравје, а тоа се лекарите и медицинскиот персонал, сите оние кои посветено во изминатиот период, два, три месеци работат на зачувување на нашето здравје, рече Спасовски.

Најави дека по состанокот на Комисијата за заразни болести, во однос на мерките ќе заседава и Главниот оперативен штаб, и на крајот Владата ќе расправа и ќе донесе одлуки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Откриен мотивот за нападот во црква во Сиднеј

Австралиската полиција во вторникот соопшти дека нападот со нож врз епископот на асирската црква и некои следбеници во Сиднеј бил терористички акт мотивиран од...

Поранешната касарна во Охрид ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа.

Во склоп на поранешната касарна, ќе биде најголемиот рекреативно авантуристички парк во Југоисточна Европа. Согласно проектот е предвидено да се изградат два типа, односно...

Државата е оштетена за над 2,5 милиони евра- ДОБИВАЛЕ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ИАКО НЕ ТРЕБАЛО“

Повеќе од илјада граѓани добивале социјална помош иако според правилата не трбало да добиваат, соопшти министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска...

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...