8.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев Северна Македонија нема време за чекање, се знае избори јуни или...

Заев Северна Македонија нема време за чекање, се знае избори јуни или јули.

spot_img

Заев: Јасно е, Избори на 8 јуни или 7 јули, 22 дена по укинување на вонредната состојбата…

По денешната лидерска средба на претседателите на партиите кај претседателот на државата Стево Пендаровски, Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека за време на разговорите биле проектирани одредени датуми за одржување на парламентарните избори, во зависност од тоа дали и за колку време би се продолжила вонредната состојба.

Според него, сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.

Заев кажа дека било договорно Владата да побара попрецизни одговори од ОБСЕ/ОДИХР кога и колкава мисија би можела да прати во земјата и од Комисијата за заразни болести да димензионира протоколи за однесување имајќи предвид дека митинзи нема да може да има, дали може да се оди од врата на врата и слично.

Претседателот на државата, според него, треба да одржи состанок со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) за точните термини, како што кажа, „од – до проектирани за потенцијален датум за избори.

-Водењето грижа за здравјето на граѓаните е ако навистина ги ставиме во функција сите институции. Во РСМ, Парламентот е нефункционален кај нас, рече Заев.

Лидерот на СДСМ истакна дека опозицијата денеска не била спремна да разговара за датум и дека купува време.

Сепак, верува дека на почетокот на наредната недела би можело да биде постигнат договор за датум за избори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...

Тошковски: Над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...

Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право...

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...