8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Вработените запечалија многу пари зашто нема каде да ја трошат платата

Заев: Вработените запечалија многу пари зашто нема каде да ја трошат платата

spot_imgspot_img

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во денешната емисија Топ тема на Телма телевизија, истакна дека вработените во админстрацијата биле во ќар затоа што немало каде да ги трошат парите, па затоа заштедиле по 15.000 денари од својата плата.

Заев отиде до таму што ги критикуваше вработените во администрацијата дека не биле солидарни.

-25 000 денари зема еден административец, 6000 денари во просек враќа кредити, 19 000 денари ги трошиме, сега во април месец 10.000 денари е потрошувачката од тие 25.000 денари затоа што седиме дома, нема каде да ги истрошиме, трошиме за јадење, плаќаме сметки, но потрошувачката е 10.000 денари, сега 15.000 денари испаѓа дека некој ќе ги ќарел во овој период, вели Заев.

Заев вели дека тоа не било солидарно, се што имале како ќар вработените требало да се потроши, се што имало требало да се потроши, за да, како што вели, врти денарот.

Македонија ќе биде земја којашто ќе има најнизок импакт на економијата од корона кризата, спротивно на анализите од страна на економските експерти, вели оптимистички Заев.

извор: Курир

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...