10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаКумановчанка моли за помош: Бившиот мој бара да му праќам фотографии каде...

Кумановчанка моли за помош: Бившиот мој бара да му праќам фотографии каде што сум гола, инаку ќе ми го киднапирале синот.

„Мораш да бидеш добра, ако не ќе ти направам проблем“.

По прекинувањето на љубовна врска со косовски државјанин во Германија, Маја Крстевска, нејзиното семејство, но пријателите се жртви на интернет тортура. Косовецот кој во моментот живее во Германија и се заканувал на Маја дека ако не му праќа експлицитни фотографии негови луѓе ќе го киднапираат нејзиниот 9-годишен син и ќе го однесат во Гњилане, Косово. Тој одел дотаму што од неа барал со нож да си прави рани на рацете преку видео повик.

-Имам закана од негова страна „Ти со мене немаш ништо, јас ќе ти правам проблем со други луѓе, да не можеш да излезеш на улица, да те плукаат сите, да не можеш да најдеш работа. Ако отидеш во Америка и таму ќе те знаат сите. Ќе направам да не можеш да најдеш никој со кој ќе можеш да створиш семејство“, вели Маја.

Фотографиите кои ги собрал сега тој ги користи за да изнуди 20.000 евра од семејството.

Најпрво упаднал во фејсбукот на Маја, но креирал и лажни профили со личните податоци на нејзината сестра, но и профили со податоци од нивни пријатели. Таму објавувал фотографии од семејството и пријателите, но ги објавил и нивните броеви, пишувајќи дека даваат сексуални услуги. Граѓани секојдневно ѕвонеле на броевите за да ја добијат наводната услуга. Додека го поседувал нејзиниот личен профил на луѓе им нудел 20 експлицитни фотографии за цена од 200 евра.

сител

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...