13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Угостителите освен личниот интерес не ги интересира ништо друго...

Спасовски: Угостителите освен личниот интерес не ги интересира ништо друго…

Се што побараа угоститетлите од страна на Владата, како мерки и за зачување на работните места и да се спремни веднаш да почнат со работа им е исполнето, истакна денеска технчкиот премиер Оливер Спасовски одговарајќи на прашање дали ќе им се излезе повторно во пресрет на новите барања, а меѓу коишто и за дезинфекција на локалите што дневно ќе ги чинело 3.000 денари.

Спасовски очекувал да слушне од угостителите каков метод ќе направат за да нема сива економија, бидејќи, како што рече, меѓу 30 до 40 отсто во нивните објекти имало сива економија во изминатиот период.

-Мислам дека вакви предлози покажуваат оти освен личниот интерес не гледаат ништо подалеку, ниту на интересот на државата, ниту на зачувувањето на економијата така што очекувам предлог од угостителите како и на кој начин директно ќе ги врземе софтверите, државата и угостителите, и да нема сива економија во нивните угостителски објекти, рече Спасовски.

Прашан за Фондот за медиуми, како ќе функционира и на кои медиуми и колку ќе им се делат средства од овој фонд, Спасовски со одговор дека се уште нема никаков предлог до Владата.

-Мислам дека не е добро ниту на ниво на претпоставки да разговараме, треба да го видиме предлогот, којшто ќе биде доставен и врз основа на тој предлог после да разговараме и да видиме дали воопшто ќе има таков фонд, вели Спасовски.

извор: Лидер

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...