9.4 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски и Радев нема да одат во Рим, пандемијата го одложи чествувањето...

Пендаровски и Радев нема да одат во Рим, пандемијата го одложи чествувањето на Св. Кирил и Методиј

spot_imgspot_img

Претседателот Стево Пендаровски ја откажува посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј на 24 Мај поради состојбата со ковид-19, соопштија од кабинетот на претседателот.

„Државните делегации на Република Северна Македонија и Република Бугарија веќе неколку години заедно оддаваат почит на 24 Mај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“ како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан. Имајќи ја предвид пандемијата на ковид–19, како и фактот дека Република Италија е една од земјите која се соочува со големи предизвици, кабинетите на претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Република Бугарија, Румен Радев донесоа одлука дека одбележувањето ќе го поместат во втората половина на 2020 година кога условите тоа ќе го овозможат, на соодветен ден и датум“, стои во соопштението.

Од кабинетот на бугарскиот претседател Радев потврдија дека посетата е одложена, и дека со Ватикан ќе биде утврден нов датум за заедничко одбележување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во втората половина од годинава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...