8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаЕстрадаЕфто Пупиноски распали по Благоја Груевски.

Ефто Пупиноски распали по Благоја Груевски.

Ефто Пупиноски е револтиран од барањето на Здружението на естрадата што пред некој ден го испратија до Владата за да им се помогне на пејачите во време на пандемијата, кога веќе трет месец угостителските објекти се затворени, а на поголем дел од нив музиката и настапите им се единствена егзистенција.

Тој на својот Фејсбук профил, како што вели, се обидел да објасни зошто македонската естрада е законски на дното:

,,Време наназад читав две интервјуа со Благоја Груевски, како тој вели „Веде – претседателот на македонската естрада“. Па оттука и ќе почнам.

Иако, за да се објасни оваа проблематика потребни се многу поголем простор и време за искажување, ќе пробам да ги коментирам и обработам само најбитните моменти, а и не сум заинтересиран многу некој да ме разбере бидејќи цели 45 години јас укажувам на потребата од организирање на фелата – естрадата, па за целиот тој период ниту некој ме разбра, ниту ќе ме разбери што сум сакал да кажам и да направам.

1. Благоја Груевски не може да биде ВД претседател бидејќи нему уште пред две години му истече претседателскиот мандат. Со самото тоа што самоволно си го продолжи претседалствувањето, а не створил услови да се избере нов претседател, тој го прекрши Статутот и Законот и тој не е ВД претседател туку е поранешен претседател со две години нелегален статус. Вршител на должност е легална форма на управување и се користи во други прилики.

2. Кратко кажано, една фела во општеството со намера поквалитетно, полесно, потемелно и законски да ги регулира и заштити своите заеднички интереси ( во конкретниов случај естрадната фела) се здружува во форма на граѓанско здружение и се вметнува – запишува во сите законски форми и правила со однапред дефиниран Статут признаен и прифатен со својата содржина.

Баже вели – „За тоа што во општеството не’ нема како организациска целина не се виновни естрадните уметници.“ Вистината е дека ЕДИНСТВЕНИ виновни за тоа што една бројчано респективна фела со околу 3000 потенцијални членови не функционира како организирана и силна целина е во самите нив – естрадните уметници.

Еве минаа десетици години, па никој не нѝ го реши статусот во општеството. Ве прашувам бе, естрадни уметници, кој сакате тоа да ви го решава и кого да го обвиниме ?! Беа претседатели еден, па втор, па трет, па четврти, па Баже, и сите тие доаѓаа заради мали бедни лични интереси без трунка одговорност дека со таквото однесување злото кое ѝ го правеа на фелата е илјада пати поголемо од нивниот интерес како претседатели на естрадата.

А вие, естрадни уметници, во оваа повеќе децениска приказна со еден однос на тотална и зачудувачка незаинтересираност им ги отворавте сите патишта на кое каквите претседатели за да ја задушуваат естрадата.

Мислам дека сме единствената неорганизирана фела во општеството и се прашувам како тоа да го тумачам, како посебно општествено незрела и незаинтересирана фела или како посебно глупава фела. Останавме последни од последните. Не сфативте дека потребата од организирање е без алтернатива (или ќе се организираш, или во општеството ќе бидеш никој и ништо).

Јас во неколку наврати на кое какви состаноци организирани од Баже се понудив да ја преземам работата, да го изодам тој сложен, напорен и трнлив пат и да ја донесам естрадата до позиција :

а) Естрадата да има правен статус во општеството;

б) да биде здружение во кое секој припадник на фелата ќе биде заинтересиран да биде член заради:

-со самата регулирана правна позиција здружението ќе биде дом – фирма каде што секој оној кој што сака ќе може да го регулира пензискиот стаж;

-каде што секој член во естраднава дејност ќе биде заштитен од правен, морален и секаков друг аспект;

–каде што при увоз на материјални средства за вршење на својата основна дејност (инструменти, озвучувања итн.) членот на естрадата ќе има повластена царинска стапка;

–каде што би се воспоставил реципроцитет со оние кои што доаѓаат од „север“ и кои во Македонија имаат непречени услови да собираат купишта пари и да си одат. Јас во неколку наврати пишував за тоа.

Имав една реакција после новогодишниот концерт којшто го одржав на плоштадот во Охрид пред повеќе од 4000 присутни, а за кој земав хонорар три-четириесет пати помалку во однос на Дино Мерлин кој за таа прилика имаше концерт на Скопскиот плоштад.

На тој мој напис имаше околу 200 реакции, од кои 90 % беа позитивни и наместо да ги има 1333 од нашата естрадна фела ги имаше само три.

Еее мој естрадни колеги. Ако работите ги тумачам по таа линија, јас како еден од најдобро платените естрадни уметници во Македонија не би требало да имам никаква причина да се бунам за висината на хонорарот, но јас и понатака тврдам дека заради редица причини, а најмногу заради вашата тотална пасивност, мојот естраден труд, а и вашиот е неколку пати помалку платен.

Разликата помеѓу мене и вас е што јас и на тој начин си го штитам своето достоинство, додека вас никаде ве нема. Баже вели – „Имало социјално загрозени естрадни уметници.“, а јас велам „Нека ги има, а во иднина ќе ги има уште повеќе при едно вакво ваше тотално незрело однесување.“ ;

-Да ја донесам естрадата во позиција каде што ќе биде заштитен естрадниот труд со дефинирани правила на игра и дефинирани минимални цени – хонорари пред разните организатори, хотелиери итн. и каде што ќе биде заштитена личноста и достоинството на уметникот од разни понижувања, уцени и слично;

–каде што ќе се внимава на секој член да му се оддаде внимание при склопување брак, раѓање нов член во семејството, смрт на членот и можеби, до последно во палетата на активности, доделување на естрадна награда.

3. И во оваа фактичка состојба со Корона вирусот нашава естрадна дејност како и редица други дејности сме материјално најпогодени и да бевме силна и респективна организација секој легален член на естрадата ќе требаше да биде соодветно обештетен.

Се покажа дека незаинтересираноста, пасивноста е злочин спрема себе ако проблемите навреме и целосно не се решаваат. Еднаш за секогаш мора да се сфати – ЗАЕДНИЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ ЗАЕДНИЧКИ И ЗДРУЖЕНО СЕ БРАНАТ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...

Тепачка меѓу функционери на ДУИ во Гостивар?!?!

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол. Додека претходно во Струга дошло...

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...