11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНа 17-мај ќе се одржи ''Mис карантин на светот''

На 17-мај ќе се одржи ”Mис карантин на светот”

spot_imgspot_img

Поради корона вирусот ширум светот сите манифестации од музички и забавен карактер, сите избори на убавината, избори на модата, се откажани, а меѓу нив и многу интернационални избори на женската убавина. Освен само еден, кој се одржува оваа недела на 17 мај. Дури има и соодветно име: “Мис карантин на светот 2020“!

“Gecjan fashion group” од Приштина и нивниот директор Илир Геци се главните организатори кои сепак, одлучиле да организираат еден ваков необичен избор, кој секако нема да биде класичен, туку онлајн како што единствено и е можно кога речиси целиот свет е во корона-карантин. Па, секоја чест за Геци.

Коорганизатори на настанот се и: Модното студио “Црнокрак“ од Република Северна Македонија и Tugce Sarykaya Dagistan од Република Турција.

Право на учество имаа сите убави девојки од планетата, на возраст помеѓу 16 и 26 години. Се пријавија дури 210 девојки од 50 држави. Прво беа избрани 70 полуфиналистки, а потоа 15 финалистки кои ќе учествуваат на големото финале кое ќе е се одржи в недела на 17 мај со почеток во 21 часот на ФБ-мрежата, а ќе оди и на фреквенцијата на “ТВ-21“, која се гледа и во Македонија.

Интересно е дека во жирито ќе биде и нашиот Мики Црнокрак, како рамноправен член.Од Македонија имаше пријавено 4 девојки, а две од нив успеаја да влезат во 15 финалистки. Тоа се 24-годишната Кристина Димитриевска од Тетово и 16-годишната Бисера Цуцулова од Скопје, двете членки на Модното студио “Црнокрак“.

Свое место меѓу 15 финалистки изборија уште две девојки со кои соработува ова модното студио, а тоа се: 19-годишната Лара Стесевиќ од Црна Гора, која во март ја освои титулата Трета придружничка на изборот за Мис Европа 2020, како и 26-годишната Доти Полгар од Унгарија. Дали некоја девојка од Македонија ќе биде прогласена за “Мис карантин 2020“ останува да видиме и да си навиваме за нив во недела навечер, истакна за “ВЕЧЕР“, токму тој Мики Црнокрак. Д.Миќиќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...