10.6 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаНа 3.000 Швеѓани им се вградени чипови следни се Италијанците.

На 3.000 Швеѓани им се вградени чипови следни се Италијанците.

Проектот за вградување поткожни чипови компанијата „Биохакс“ го почна во Шведка. Дури 3.000 луѓе таму се одлучиле на вградување, а поддршка им дале и локалните власти. Сега од компанијата се надеваат на голем пробив на пазарот на ЕУ.

Втора станица за ширење на бизнисот ќе и’ биде Италија. Се чека одобрение од италијанското Министерство за здравство. Кога ќе се добие, се очекува во Милано и во Рим да се пристапи на вградување на околу 2.500 луѓе, пишува „Еуроњуз“, а пренесува хрватски „Јутарњи лист“.

Зошто некој би носел чип вграден под кожата?

„Станува збор за иднината, која веќе стигна. Оваа технологија е за да ни’ помогне. Тоа е како да имате супермоќ. Нема опасност од нарушување на приватноста и од следење. Нашите чипови немаат ГПС и ние не ги следиме клиентите. Јасно ми е оти луѓето се плашат зашто за слична технологија знаат само од холивудските филмови“, вели Швеѓанецот Ерик Ларсен, шеф на тамошната подружница на компанијата.

Како изгледа кога имате вграден чип објаснува шведскиот ИТ-овец Мартин Левин, кој веќе три години носи два. Ги користи за логирање на компјутер, поставување канцелариски аларм и за отворање на својот профил на Линкедин. Тоа задоволство го чинело само 150 евра.

„Не гледам ништо лошо. Тоа е пасивна технологија што ја контролира сопственикот. Треба да бидете многу близу за податоците да се читаат. Ни вградувањето не е болно. Како да сте имале убод од пчела“, истакнува Левин.

Кои се опасностите од новата технологија објаснува Роб ван Еијк од Европскиот форум за иднината на приватноста.

„Практично, се работи за иста технологија како и кај банкарските картички. И ризиците се исти. Постои можност некој да ви го фати сигналот. Ќе има уште повеќе компликации ако идните верзии ги следат податоците за вашето здравје или други важни приватни информации“, нагласува Ван Еијк.

Од компанијата, пак, велат дек не треба да има страв. Голем пресврт и масовно користење на чиповите очекуваат со развојот на технологијата со која чиповите ќе функционираат како паричници, односно плаќањето ќе им биде главна функција, а чиповите ќе станеле и некој вид мобилен идентитет.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...