6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаАвстралијаМакедониците низ светотКому му смета македонската дијаспора ширум светот?

Кому му смета македонската дијаспора ширум светот?

Македонските граѓани ширум светот бурно реагираа на случувањата поврзани со организирањето на избори за време на пандемијата КОВИД-19. Неодамна, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) исто така реагираше за низата пропусти направени од Државната Изборна Комисија (ДИК) во врска со оневозможувањето на регистрација во избирачкиот список на голем број македонски граѓани со живеалиште надвор од Македонија. Иако ОМД формално се обрати до ДИК, до ден денес нема добиено никаков одговор на прашањата за начинот на спроведување на изборите во дијаспората. Дали некој ќе сноси одговорност за гувеењето на институциите?

Зачудувачки е фактот што во интензивните преговори за изборен датум, никој не ја споменува дијаспората. Се прашуваме дали и на кому му смета Обединетата Македонска Дијаспора и македонските граѓани ширум светот? Дали и зошто некој се противи да се регистрираат гласачите во избирачкиот список и да го остварат нивното уставно загарантирано право на глас?

Иако Македонија се декларира како демократска држава, македонските граѓани ширум светот се чудат како може едно човеково право да им се ускратува. Дали е на повидок ново политичко уредување и дали нашата земја сака да биде позната како земја која не ги почитува основните човекови права загарантирани на национално, европско и светско ниво?

ОМД упатува апел до властите во Македонија, до најголемата опозициска партија, како и до останатите политички партии и субјекти во државата дека македонските граѓани надвор од Македонија по никоја цена не смеат да бидат исклучени од овој избирачки циклус. Дијаспората е еден од двигателите на македонската економија, најдобар промотор на Македонија во светот, и заслужува да биде дел од избирачкиот процес.

Исто така, зачудувачки е фактот што во услови на пандемија и светска здравствена криза, властите во Македонија настојуват да ги спроведат изборите на штета на здравјето на македонските граѓани. На кому му се брза да се спроведат избори? Кој сака да најде изговор дека гласањето во дијаспората не може да се спроведе заради КОВИД-19?

Ги прашуваме лидерите на политичките партии и претседателот Пендаровски, како во услови на развиена технологија и модерен принцип на функционирање на светот, македонските власти не можат да обезбедат гласање по електронски пат и/или пошта?

Дали е ова уште еден начин да им се ускрати избирачкото право на македонските граѓани, а со тоа да им се одземе можноста слободно да се изјаснат за тоа кој ќе ја води земјата?

United Macedonian Diaspora- Обединета Македонска Дијаспора

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...