9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека им...

Мицкоски: Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека им се со среќа изборите, нас ни е поважно здравјето на граѓаните.

spot_imgspot_img

Ако СДСМ одлучи да оди на избори во јуни, нека и е со среќа, рече попладнево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски без да прецизира дали во таков случај неговата партија ќе учествува на изборите.

Во гостувањето во вестите на телевизија Сител, Мицкоски истакна дека на вчерашната лидерска средба една политичка партија соопштила дека за неа е прифатливо изборите да бидат на крајот на јуни – почетокот на јули, но исто така и во септеври, а друга партија прво како предлог го спомнала крајот на јули – почетокот на август, потоа крајот на август, а на крај како термин го посочила 26 јули.

Мицкоски истакна дека само денеска во земјава има 22 нови случаи со коронавирус и двајца починати.

– Додека го давам интервјуто и додека зборувам за датуми се чувствувам непријатно бидејќи денеска имаме нови 22 инфицирани и нови двајца кои го загубија животот. Но, мојата работа е таква, јас сум политичар и ова е политичка тема и ќе ми простат граѓаните што морам да давам одговори и на вакви прашања, бидејќи поинаку не би можел да функционирам. Вчера се извинив кон граѓаните, потоа говорникот после мене, Зоран Заев, се обиде сето тоа да го вулгаризира дека јас сум барал политичка средба кај господинот Пендаровски. И да, јас се согласувам дека ја побарав, но ја побарав за да разговараме за актуелната политичка стиуација во државата, економската, но пред се и над се, здравствената. Тогаш, ако се сеќавате, дојде одговор од СДСМ дека не е време за избори и дека нема што да одат на лидерска средба на која ќе разговараат за избори, иако никој тогаш не спомна избори за недела-две потоа, повторно за 180 степени да го променат својот став и да лиферуваат дати дека ако не оди опозицијата тогаш ќе оделе сами. Еве, ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори, рече Мицкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...