10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонците ќе останат без парите од дијаспората?

Македонците ќе останат без парите од дијаспората?

Стотици милиони евра се слеваат во државата од дијаспората. Но, пандемијата со коронавирус, како што предвидува и Светска банка ќе има последици и по луѓето коишто зависат од парите кои им се испраќаат од странство.

Речиси секој граѓани познава некој кој се иселил во странство или пак некој од неговото потесно семејство решил подобра иднина да бара надвор од границите на државата. Пандемијата на коронавирусот доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите што им ги испраќаат, соопшти Светска банка. Не е тајна и дека припадниците на македонската дијаспора финансиски ги помагаат своите дома, а за тоа говорат и официјалните бројки.

Очекувањата се дека епидемија со коронавирус ќе ги намали приливите од странство, кои најчесто се праќаат по два основи, вели бизнисменот Мирче Чекреџи.

„Еден основ е за помагање на семејствата и тие ги трошат овие пари за храна, струја, комуналии и итн. Друг основ е за градење во родните места.“, вели Чекреџи.

Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека парите кои се слеваат од странство се значајна ставка и некогаш изнесувале и 20 отсто од БДП или околу 2 милијарди евра.

„Сега не верувам дека е така, но сигурно дека 10 отсто од БДП или една милијарда евра изнесуваат и тие се значајна ставка не само за личната потрошувачка на граѓаните, туку придонесуваат и за покривање на трговскиот дефицит и за покривање на дефицитот на платниот биланс. Годинава претпоставувам ќе се намали приливот на тие пари од повеќе причини. Прво поради ограничувањето на движењето на луѓето, а второ на нашите работници кои се во странство им се потребни како резерва во земјите коишто се наоѓаат, бидејќи и тие се таму во криза и остануваат без работа“, вели Хајредини.

Според него, познато е дека овие пари се многу корисни, но нивниот точен износ не се знае. Статистиката на Народна банка за секундарниот доход, односно приливот на пари од работници од странство покажува дека во 2019 изнесувал над 195 милиони евра. Претходната 2018 година бил 200 милиони евра. Но, неофицијално се работи за поголема сума бидејќи иселениците кога доаѓаат во земјава носат кеш. За 2020 податоци се уште нема.

„Ние со години дефицитот го покриваме со дознаки од странство и така некако одржуваме баланс на сметката, така што лошо ќе се одрази ова. Очекувам дознаките да се намалат до 20 отсто“, додава Чекреџи.

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми по неговото стапување на функцијата изјави дека парите од дијаспората се важни за македонската економија и според неговите пресметки сумата во 2017 година достигнала над 800 милиони евра. Тука, како што посочи тој, влегуваат парите кои се испратени, како и кеш парите кои ги носат гастарбајтерите кога ќе си дојдат дома, а се регистрираат преку менувачкото работење.

Светска банка пред некој ден објави дека поради последиците од пандемијата со коронавирусот вредноста на дознаките од странство ширум светот оваа година ќе падне за 20 проценти.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...