9.3 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаНајмалку шест месеци ќе мора да ги носиме заштитните маски и да...

Најмалку шест месеци ќе мора да ги носиме заштитните маски и да држиме растојание.

spot_imgspot_img

Редарите, правилото за два метри растојание меѓу купувачите, дезинфекција на раце при влез во објектот и другите правила кои важат сега за превенција од коронавирусот, ќе мора да се применуваат и 200 дена по престанокот на вонредната состојба, одлучи Владата.

– Владата на седница ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време – се наведува во соопштението.

нова македонија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...