8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Се појавија и првите заболени од литијата во Струга.

Филипче: Се појавија и првите заболени од литијата во Струга.

Лекари од струшката болница му пријавиле на министерот за здравство Венко Филипче, дека во болницата доаѓаат пациенти кои што имаат наод на белите дробови кој потсетува на причинителот Ковид 19, а кои присуствувале на познатата струшка литија.

-Тие лица присуствувале на литијата. Ги чекаме резултатите, но апсолутно таков еден настан без дистанца е настан во кој може да се очекува дека вирусот се шири. Ние влегуваме во начин на живот што беше претходно. Никој не можеше да замисли дека ќе се смени патувањето. Нашата реалност значи дека мора да се носат маски и мора да се почитува дистанца, изјави Филипче на ТВ24, додавајќи дека секој град во кој не се почитуваат мерките може да е жариште.
Тој додаде дека има и кластери создадени на семејни собири каде не се почитуваат мерките. Алгоритамот на тестирање е променет изминатите денови па и луѓе кои немале директен контакт со заразен може да прават тест.

-Може да биле во контакт со луѓе кои не биле свесни дека се заразени. Така ќе им дозволиме тестирање и нив, објасни министерот.

Околу двете деца кои беа примени со синдромот кавасаки, министерот рече дека се тестирани за антитела и дека деновиве ќе се добијат резултатите, по што ќе се знае со сигурност дали нивните симптоми биле во корелација со Ковид 19. Кавасаки синдромот е инаку многу редок и претставува тип на воспаление на ѕидот на крвните садови.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...