4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаНиколовски: И се спротиставивме на короната и додека ја држиме заробена, сега...

Николовски: И се спротиставивме на короната и додека ја држиме заробена, сега е вистинско време за избори !!

Изборите се потребни заради целосна подготвеност на државата пред вториот бран на вирусот наесен, заради заштита на здравјето, рестарт на македонската економија, но и целосно функционални институции. Изборите се решение! Тоа е нашата порака!, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3, Љупчо Николовски.

Решение затоа што ќе им дадат полн легитимитет на законодавната и извршната власт, на ново Собрание и Влада.

Решение затоа што ќе создадат простор за подобра и понавремена подготовка пред вториот бран на вирусот наесен.

Решение кое гарантира најголема заштита на здравјето на граѓаните и најдобри услови за рестарт на економијата.

Никој не знае колку ќе биде голем и какви последици би донел тој нов бран на корона вирус на есен, за што предупреди и Светската здравствена организацијата.

Затоа сега е моментот, кога ситуацијата ја држиме под контрола. На државата на граѓаните и се потребни институции, функционално Собрание, политичка Влада со пренесен легитимитет од граѓаните.

Така, државата уште подобро би се справила со тоа што не чека на есен. Здравјето и животот на луѓето се најважни. Но, важна е и економијата, важни се и останатите сектори.

Колку пократко трае оваа состојба ,толку побрзо ќе се вратиме во нормала. Затоа, изборите се решение!

Уверени сме, институциите ќе ги обезбедат сите превентивни мерки за 100% заштита на граѓаните на денот на гласањето, ќе имаме 100% безбедно гласање.

Веќе 18 држави соопштија дека ќе одат на избори пред летото. Сите држави кои имаат избори оваа година ги закажуваат во овој период, затоа што тоа е одговорно, државнички.

Предлозите за избори на крајот на август или почетокот на септември, се опасни за здравјето и всушност се предлози да нема воопшто избори туку да се создаде Уставна криза.

Ние како одговорни луѓе тоа нема да го дозволиме. Мицкоски од сите страни е веќе виден како неодговорен и незрел политичар, тоа го велат граѓаните.

Ничија политичка кариера не може да биде поважна од граѓаните и нивната сигурна иднина“, рече Николовски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...