14.6 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаПоп Боро од Струмица во црквата чувал пиштол за кој поседувал и...

Поп Боро од Струмица во црквата чувал пиштол за кој поседувал и дозвола, од епархијата се прашуваат што ќе му е пиштол на поп?

Свештеникот кој од струмичката епархија доби забрана за свештенодејство ниту бил под притисок ниту пак прогонуван. Викарниот епископ Стобиски господин Јаков ги отфрли ваквите тврдења. Тој денеска на прес-конференција соопшти дека свештеникот Боро Милчев, почнал да зборува за притисоци откако била направена редовна ревизија во храмот каде тој беше назначен за старешина и со која откриле низа неправилности во работењето.

,,После приближно дваесет години служба на овој свештеник во истиот храм, ние во црковната каса во една од нај посетените цркви во Струмица најдовме само 106 денари и пиштол. Пиштол во црковна каса, прашувам што ќе му е пиштол на свештено лице , а уште тоа да го држи во црковниот храм. Пиштолот си го зема заради тоа што имаше дозвола за него, нам ни останаа само 106 те денари и речиси празните каси”, вели г.Јаков Викарен епископ Стобиски.

Според владиката Јаков не биле точни ниту изјавите дека свештеникот имал притисок во житијата што тој ги подготвувал македонските светители да ги пишува како словенски.

,,Житијата, можете да проверите, се издадени , сите од јануари до октомври токму од Струмичката православна епархија со благослов на митрополитот струмички господин Наум, освен последните две за Ноември и за декември. Тоа е после ревизијата за која што ви зборувам кога всушност откривме дека авторските права не припаѓаат на Струмичката епархија, туку на лицето Боро Милчев и на печатницата Европа 92 за што испративме допис до печатницата понатаму, во следните изданија да не го користат името на Струмичка Православна епархија”, вели г. Јаков.

Пробавме да стапиме во контакт и со свештеникот Боро Милчев , но денеска тој не одговори на телефонските повици. Пред два дена во телефонски разговор за Сител ги отфрли сите обвинувања наведени во соопштението. Тогаш тој рече дека поради одредени несогласувања веќе подолго време трпи притисоци и закани. Како една од причините го наведе издавањето на житијата на светиите на македонски јазик што тој ги подготвуваше во изминатите години.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...