6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше трансплантирано срце.

– Утрово го посетив Иван, тој е буден и се чуствува добро. Изрази огромна благодарност до семејството Диневи, докторите и целата јавност за поддршката која ја добива. По успешната операција следува најважниот период од неговото закрепнување, периодот во кој телото на Иван треба да го прифати новиот орган. Докторите максимално посветено ќе го водат низ овој процес, да им посакаме среќа на сите. Верувам дека овој историски подвиг на македонското здравство, овој највисок акт на човечност и хуманост, ќе ја подгине свеста за органодарителството и ќе имаме уште многу успешни трансплантации – рече министерот Филипче.

Пред два дена, за првпат во Македонија беше изведена трансплантација на срце. Со овој голем исчекор се испиша историја во македонското здравство, во македонската кардиохирургија.

Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и на алтруизам. По дијагностицирањето на мозочната смрт, семејството се согласи да ги донира срцето и бубрезите од починатата пациентка и се даде шанса за втор живот на тројца пациенти.

Оваа комплексна операција, која за првпат се изведе докажа дека здравјето на граѓаните е на прво место, и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлики.

На трансплантацијата работеа стручен и врвен тим на кардиохирурзи под водство на Проф. д-р. Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, акад. д-р. Жан Митрев од „Клиника Жан Митрев“, Проф. д-р. Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“ и Националната Координаторка за трансплантација д-р. Маја Мојсова од Универзитетска Клиника за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...