11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаОд вечерва големо поскапување на горивата !!!!

Од вечерва големо поскапување на горивата !!!!

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,50 отсто, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот „еурсупер 95“ се зголемува за три денари за литар и изнесува 57,50 денари, додека на бензинот „еурсупер 98“, на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 денари за литар па „еурсупер 98“ ќе чини 59,50 денари, еуродизелот (Д-Е V) 49,50 денари, додека екстра лесното масло за домаќинство 37,50 денари.

Според РКЕ, малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,929 денари за килограм во однос на цената утврдена со Одлуката минатата недела и ќе изнесува 23,427 денари.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 23,66 отсто или за 57,200 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 16,74% или за 40,900 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 20,86% или за 45,800 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за
околу 19,69% или за околу 33,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати
е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,5651 ден/$ и е за околу 0,602 % понизок од курсот на доларот (56,9074 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, објаснува Комисијата

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...