6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветПОТPЕСНА ИСПОВЕД НА БАБАТА ШТО НАСЛЕДИ ПЕТ МИЛИОНИ: Што ќе ми се...

ПОТPЕСНА ИСПОВЕД НА БАБАТА ШТО НАСЛЕДИ ПЕТ МИЛИОНИ: Што ќе ми се пpоклетите пари – ми треба леб и вода

Во планинско село кај Бољевац на истокот од Србија во трошна куќа живее 86-годишната М.З. позната по тоа што неодамна, сосема изненадно, станала милионерка. Во пресрет на Новата година на нејзината сметка, во вид на наcледство од веќе заминатиот сопруг, уплатени и се 940.000 австралиски долари.

Старицата наследила и недвижнини во Австралија вредни неколку милиони долари. Случајната милионерка, која досега живеела од пензија во износ од 10.000 динари (околу 5.000 денари), не сакала да разговара со новинарите, но нејзината необична приказна ја знаат сите на село.

Кон крајот на 1960-тите години М.З. и нејзиниот сопруг заминале на печалба во Австралија. Жената после неколку години се вратила во Србија и продолжила со животот на село, а мажот во Австралија повторно се оженил иако во Србија законски никогаш не се разделил од М.З.За време на својот живот во Австралија стекнал огромно богатство. Го загубил животот 2011 година, а неговата нова сопруга пред него. Австралијанците по заминувањето на брачниот пар се дале во потрага по наследниците и ја пронашле сиромашната М.З.

Парите и ги префрлиле на сметка во банка преку која инаку ја прима пензијата. Пред неколку дена старицата подигнала неколку илјади евра како би ги решила долговите:

– На пат до дома и испаднаа две банкноти околу петстотини евра. Не се врати за да ги побара. Само рече „кој ќе бара пари сега по овој студ“.

skopje24

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...