7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветБугарите бесни на рускиот Патријарх - Не сакал да признае дека Кирил...

Бугарите бесни на рускиот Патријарх – Не сакал да признае дека Кирил и Методиј се бугари и дека Русите добиле писменост од Бугарија

Нова искра во односите меѓу Бугарија и Русија предизвика рускиот патријарх Кирил со именувањето на светите браќа Кирил и Методиј како словенски учители при чествувањето на 24 Мај.

„Ви го честитам двојниот празник – велигденската недела, посветена на сеќавањето за исцелувањето на слепите од Господ и Спасител, и сеќавањето на светите рамноапостоли Кирил и Методиј, словенски учители“, рече поглаварот на Руската православна црква во својата проповед.

Бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Георг Георгиев ги оцени како „шеговити“ зборовите на патријархот Кирил.

„Сметам дека за над 1.300 години историја ние сме се научиле како да се справиме со такви, би ги нарекол, шеговити ситуации. Историчарите доволно јасно и категорично ја изразија позицијата на науката и што вели таа. Низ годините многукратно е признавана улогата и придонесот на Бугарија за словенската писменост и култура, за тоа што сме му дале ние на светот“, изјави Георгиев, отфрлајќи ја можноста МНР на Бугарија да вложи протестна нота.

Бугарите ја третираат како провокација и изложбата во Рускиот културен центар во Софија во предвечерјето на празникот, која ги претставува Кирил и Методиј како реформатори на словенската азбука, како создавачи на црковнословенскиот јазик и како први распространувачи на писменоста и на просветата во Русија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...