5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаКАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 22 ЧАСОТ, НА МАСА ПО ДВАЈЦА ГОСТИ, 4...

КАФУЛИЊАТА ЌЕ РАБОТАТ ДО 22 ЧАСОТ, НА МАСА ПО ДВАЈЦА ГОСТИ, 4 МОЖЕ АКО СЕ ОД ИСТО СЕМЕЈСТВО, ОБЈАВИ ВЛАДАТА

Кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот, се предвидува со протоколите за работа на угостителските објекти кои денеска беа усвоени на владина седница. Од утре кога повторно се отвораат угостителските објекти, ќе биде дозволено гости да се примаат само на летните тераси односно на отворените делови од угостителските објекти кои се од три страни отворени со кровна конструкција.

Вработените кои послужуваат задолжително треба да носат заштитни маски. Не смее да се поставуваат коњопои и да се служат гости кои стојат на шанк во кафулето туку само гостите кои седат на маса. Масите треба да биде оддалечени една од друга во сите правци од 1,5 до 2 метри.

„На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат максимум две лица, додека на една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица само доколку се од исто семејство Се дозволува максимален број од 12 лица на споени маси доколку растојание помеѓу секој гостин од 1.5 метар“, се вели во соопштението од Владата за протоколите за работа на кафеаните.

Задолжително е менаџирање на влегувањето на гостите за кое е потребно да се определи одговорно лице. Задолжително е поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса, како и засилени внатрешни контроли на вработените лица за одржување на личната хигиена.

„Се наложуваат засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси при заминување на гостите од секоја маса, а на крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси“, стои во протоколите.

Задолжително е редовно одржување на тоалетите со водење на евиденција за спроведеното чистење и со употреба на наведените дезинфекциони средства. Во тоалетите е забрането користење на сушачи за раце, а задолжително е користењето на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Во оваа фаза од работата на кафулињата и рестораните се забранува организирање на прослави односно свадби, родендени, крштевки и слично.

А. АНТЕВСКА  (САКАМДАКАЖАМ.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...