11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаДоколку сакате да пиете кафе со себе да носите лична карта и...

Доколку сакате да пиете кафе со себе да носите лична карта и да му ја покажете на келнерот за легитимација.

spot_imgspot_img

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на денешната прес-конференција истакна дека персоналот на кафулињата и рестораните има право да ги легитимира гостите за да знае дали се од исто семејство.

Тој вели дека келнерите имаат легитимно право да побараат лична карта за идентификација во угостителските објекти за да биде исполнет условот за седење на повеќе од две лица на една иста маса.

– Ние немаме обврска да ги контролираме граѓаните. Келнерите или сопствениците на кафулињата и рестораните треба да им бараат лична карта. Дали има двајца или повеќе гости на една маса е одговорност на локалот. Затоа угостителите нека си обрнат внимание како работат и дали ги почитуваат сите протоколи – рече Пауновски.

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, пак, на Фејсбук реагираше дека не смее да се дозволи неовластени лица да легитимираат граѓани во локали.

„Келнер или сопственик на локал може да побара лична карта од лице само ако се сомнева дека станува збор за малолетник кој нарачува алкохол! Во ниту еден друг случај! Со протокол не може и не смее да се доделува овластување на лица кои не се со закон овластени да легитимираат граѓани! Со вака доделеното овластување за легитимирање и идентификација на лица и релации (сродство) со протокол можат да се прекршат повеќе права на граѓаните за цели кои можат да бидат непознати!Мора да се преиспита и да корегира ова“, напиша Ременски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...