8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонија(Видео) Двата авиона од САД што ја прелетаа Македонија пресретнати од руски...

(Видео) Двата авиона од САД што ја прелетаа Македонија пресретнати од руски „сухои“ над Црно Море

spot_imgspot_img

Руската амбасада во Скопје извести дека двата американски стратешки бомбаредри „Б-1 лансер“ што ја прелетаа Македонија се пресретнати над Црно Море од руски „сухои“.
„Два американски ‘Б-1 лансери’ од воздухопловната база во Елсворт, Јужна Дакота,
упатени кон државната граница на Русија над Црно Море, денеска се пресретнати од два руски борбени авиона ‘Сухој’. #СтопНАТО“, твитна Амбасадата на Русија во Македонија како одговор на твитот на Амбасадата на САД во Скопје: „Два американски ‘Б-1 лансери’ од воздухопловната база во Елсворт, Јужна Дакота, прелетаа над Скопје за добредојде на Северна Македонија во #НАТО. Овој прелет е израз на нашата постојана поддршка за Северна Македонија. #НиеСмеНАТО #Партнери #Сојузници“.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека „ловци на руската авијација ги
принудија американските бомбардери да ја променат патеката на движење и да одлетаат од границата на Руската Федерација“, а во акцијата учествувале два авиона „Су-27 П“ и
„Су-30 СМ“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...