12.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата размислува за локални карантини во Тетово, Штип, Сарај, Чаир, Гази Баба...

Владата размислува за локални карантини во Тетово, Штип, Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром

spot_imgspot_img

Локализирани карантини во одредени општини каде има зголемен број на заболени, по примерот на Дебар. На жителите во Тетово, Штип, Сарај, Чаир, Гази Баба им се заканува ограничување на движењето, доколку во наредните денови продолжат да растат кластерите на зараза, најави министерот за здравство. Ова следува по денешната аларматна статистика во која се евидентирани дури 4 смртни случаи и 52 новодијагностицирани со Ковид 19. Дури половина од нив, односно 26 се во главниот град. Филипче вели дека нема да има враќање на полицискиот час во цела држава, но повторно ќе воведат таргетиртани рестрикции ако состојбата не се промени.

-Ако се воведе карантин тоа ќе биде по примерот на Дебар, односно ќе биде забрането движење надвор од посочениот регион, како и забрана за движење внатре во регионот, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Иако министерот очекува денешната голема бројка на заразени да биде само варијација и да не дојде до нови рестриктивни мерки, сепак, потврди дека на терен состојбата е драматична. Во Тетово и околината граѓаните не ги почитуваат превентивните мерки, а епидемиолозите не можат да дојдат до контактите на позитивните случаи а имало ситуации кога добивале и закани од семејствата.

-Уште една лоша состојба со која се соочуваат колегите епидемиолози е што се кријат контактите, даваат лажни телефони, а има и такви кои бегаат и не можат да им се издадат решенија, вели Филипче.

Министерот за здравство најави дека на почетокот на наредната недела ќе донесат одлука и за отворање на границите и тоа конкретно со соседните земји кои веќе донесоа одлкуа за тоа.

сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...