7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаразата се шири со голема брзина, заразените одбиваат да кажат со кого...

Заразата се шири со голема брзина, заразените одбиваат да кажат со кого имале контакти

Денеска се регистрирани 52 заразени од коронавирус и 4 починати.

Ова е најмногу во еден ден новорегистрирни позитивни на КОВИД 19 од почетокот на епидемијата.

Лекарите се жалат дека новозаразените во последните неколку дена одбиваат да кажат со кого имале контакти.

Според епидемиологот, Љуљзиме Бајрами, голем број од заразените стравуваат да откријат каде биле пред да се заразат и со кого оствариле контакт. Додава дека ова уште повеќе го отежнува процесот на спречување на вирусот Ковид-19.

Љ.Б.: „Тие не ни кажуваат кој со кого имал контакт со цел да ги откриеме новите жаришта и да го спречиме ширењето на вирусот“.
ТВ21: Од кое место се овие семејства?
Љ.Б: Од Чаир, Бутел, Сингелиќ, ….

Радиологот Едмонд Вејсели, вели дека ако сакаме да го спречиме коронавирусот треба да имаме меѓусебна соработка со лекарите.

„Искрено проблем е што пациентите стравуваат да направат контрола кај лекарот, да одат да се пријават и пред сѐ да го зачуваат здравјето на нивните семејства, бидејќи ова е превентивна мерка за ширење на вирусот Ковид-19“, вели Едмонд Вејсели.

ТВ 21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...