21.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонија„Од Македонија сум“, рече еден од напаѓачите на шефот на кавачкиот клан...

„Од Македонија сум“, рече еден од напаѓачите на шефот на кавачкиот клан во Киев (Видео)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украинската полиција излезе со снимки како бил нападнат и како ги уапсиле напаѓачите на шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер од Црна Гора, кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев. Според соопштението на тамошната полиција напаѓачите се државјани на Србија, Црна Гора и Македонија.

<

Од видеото се гледа како еден од нив го прашуваат од каде и, а тој одговара-Од Македонија. Осомничените за време на апсењето пружале отпор и се обиделе да и избегаат на полицијата и да заминат за Молдавија, но биле спречени.

Звицер е во тешка состојба и се уште се бори за живот.

На Звицер вчера околу 18 часот во елитниот дел на Киев пукале двајца мажи а по нападот побегнале со „смарт“, па го запалиле автомобилот за да прикријат траги. Еден од напаѓачите бил зафатен од огнот.

Српските медиуми пишуваат дека оваа војна меѓу црногорските кланови кавачи и шкаљари се води уште од 2015 година и до денес се загинати најмалку 41 личност.
ммс
.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...