11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЖителите на Лабуништа-Струшко одбиваат да бидат тестирани за Ковид-19, доколку излеземе позитивни...

Жителите на Лабуништа-Струшко одбиваат да бидат тестирани за Ковид-19, доколку излеземе позитивни ќе не поставите на респиратор велат тие…

Жителите на струшкото село Лабуниште одбиваат да се тестираат за коронавирус и се лекуваат дома, зашто се плашат дека ако им се земе брис и ако излезат позитивни на Ковид 19, ќе бидат поставени на респираторна машина. Ова за ,,Слободен печат” го тврди доктор Јованка Сурлакова – Коровешовска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје – Охрид.

-Точно е дека не сакат да се тестираат. Се плашат дека ако им се земе брис и ако се позитивни, ќе бидат на респираторна машина. Има многу смртни случаи од таму и се плашат и велат дека сите што се поставени на респиратор ниеден не се врати жив. Ги убедуваме дека ако на време се започне со лекување добар дел од нив ќе се излекуваат, но попусто. Доаѓаат во болница во многу тешка состојба, со ниска сатурација, пред умирање. Не знам како да се натераат да им се земе брис. Имаме сериозен проблем да ги натераме да се тестираат. Лесно е за тие што се дијагностицирани, тие се ставаат во изолација и полицијата ги контролира и контактите нивни се во изолација. Ама за тие со симптоми, што не се официјално дијагностицирани, имаме голем проблем. Матичните лекари им даваат упати за да дојдат во нашиот пункт. Имаат закажан термин за тестирање за Ковид 19 и не се јавуваат на закажаниот термин за да им се земе брис. И ова не е еден, двајца туку многу случаи се такви. Дури ни контактите на потврден позитивен на ковид 19 не сакаат да се тестираат. Имав контакт на потврден случај, млада жена, ми вели, не можеш да влезеш во куќава да земеш брис, се плашам дека ќе завршам на респиратор. Се плашат од респиратори и владее страв, ни рече доктор Коровешовска.

Таа додава дека постарите жители на селото, воопшто не сакаат да се тестираат, седат дома и се лекуваат во домашни услови, зашто не сакаат да ги изложуваат семејствата на високи сметки за погреби, зашто погребот за дијагностициран со ковид 19 е поскап.

-Постарите велат, ова се нивни зборови ,,знам дека ќе умрам, исто ми е дали во Скопје во болница, или дома во Струга”. Тие воопшто не сакаат лекарска помош. Вака не беше на почетокот. Ги знаат симптомите, ако загубат на пример чувство за мирис и вкус, знае дека има корона, се повлекува, не шета, не бара здравствена помош. Никој не знае колку се болни од тие што имаат симптоми а се затворени дома. И тоа е загрижувачко, што смртта настапува дома, не се дијагностицирани со ковид, а имале симптоми, додава докторката.

Според неа, во струшко има два кластери од погреби. Еден 80 годишен жител на Лабуниште починал а се заразиле синот, снаата, внуката, се префрлила заразата и во друго село. Епидемиологот Коровешовска додава дека во Лабуниште 90 проценти од заразените со коронавирус се жени.

слободен печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филм за Тоше во српска продукција ќе се прикаже премиерно во Штип!

Голем настан во чест на легендарниот музичар Тоше Проески ќе се одржи во Дом на млади во Штип, на шести јуни годинава. Како што...

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата?!

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...