5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСо помош на полицијата утре ќе биде тестирано семејството на покојниот кој...

Со помош на полицијата утре ќе биде тестирано семејството на покојниот кој беше позитивен на Ковид а погребан со сите ритуали….

Во недела ќе биде тестирано потесното семејство на покојникот кој беше погребан со сите рутуали, а постмортем е докажан позитивен на Ковид. Информацијата за НОВА ја потврди директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери. Семејството одбивааше да се тестира, а одбиваа да ги кажат и контактите кои биле на погребот, околу 200 луѓе. Тестирањето започнува со асистенција на МВР и Министерството за здравство.

„Да ќе ги тестираме членовите на потесното семејство, околу 15-20 луѓе. Тие попуштија и договорено е во недела да ги тестираме членовите на најтесното семејство, а потоа според епидемиолошка анкета ќе видиме кои ќе бидат следни за тестирање“, изјави директорот Зибери.

53-годишниот скопјанец од општина Чаир почина пред три дена, откако без знаци на живот бил однесен во приватна болница во Скопје, а посмртно е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Семејството го погребало покојникот според традицијата, со сите рутуали, а на погребот присуствувале 200 луѓе.

Во изолација се ставени 9 вработени од проватната болница. Семејството три дена одбиваше да се тестира, а не ги кажуваа ниту луѓето кои биле на погребот. Конечно, откога се вклучи и МВР семејството ќе биде тестирано.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...