14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСашо Тасевски: Началниците назначени од Чулев се срамат од него

Сашо Тасевски: Началниците назначени од Чулев се срамат од него

Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски ги отфрла овие обвинувања во неговата прва изјава дадена за јавноста од назначувањето на функцијата директор на Биротот за јавна безбедност.

Во изјават дадена за НОВА, Тасевски побара полицијата да биде ослободена од интересот на партиската политика. “Јас сум професионалец кој својата кариера ја изгради во МВР, чекор по чекор, без дамки и сенки. Затоа со право можам да кажам дека МВР има професионалци без оглед дали се политички определени или неопределни кои ја сакаат државата и сакаат да работатат почитувајќи ги професионалните принципи. Ако тие се ослободат од партискиот притисок полицијата ќе постапува со сиот свој капацитет и интегритет. Јас не сум политичар, и затоа нема да се впуштам во преписки со времениот, технички министер. Само ќе го потсетам на неговите изјави дека полицијата нема да казнува и затоа храбро нека се соочи со последиците од таквите негови изјави. Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна.

Зголемувањето на бројот на заболени покажа дека тие партиски мотивирани насоки се одразуваат лошо на сите нас. Колегите се свесни за ова и во периодот кој претстои убеден сум дека ќе го корегираат своето однесување и ќе постапуваат во интерес на граѓаните. Полицијата има единсвена задача, да ги заштити чесните и дисциплинирани граѓани, а да ги казни оние кои не ги почитуваат правилата. И тука не смее и нема да има простор за политичко-партиски калкулации Исто така би сакал да напоменам дека во МВР има формирано координативно тело со кое раководи техничкиот министер со цел да се бори со пандемијата. Очигледно е дека полтиките кои ги води техничкиот министер во ова тело а кои се операционализираат во оперативата на БЈБ не се на задоволително ниво за кои јас како директор побарав да се променат но не наидов на разбирање” изјави за НОВА, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...