15 C
Ohrid
среда, октомври 28, 2020
Почетна Македонија Денес згасна животот на уште еден млад човек позитивен на Ковид-19 вработен...

Денес згасна животот на уште еден млад човек позитивен на Ковид-19 вработен во ТВ Спектра- Лабуништа.

Translate (Eng):[gtranslate]

По кратко боледување утринава на 44-тата година од животот на клиничкиот центар 8 Септември во Скопје почина нашиот колега Беким Бајрамоски, техничар во Телевизија Спектра.

Денес добивме жална вест која на сите нас многу не растажи. Уште една благородна душа се врати кај својот Господар.
Се сеќаваме на нашиот колега, брат, другар, наш лабуништанец, Беким Бајрамоски како човек со благородна душа, мирен и работлив.

Беким Бајрамоски, беше роден на 28.06.1976 во ТВ Спектра започна со работа во 2003 година како техничар па до денес, скоро сите тв преноси и снимки од секакви манифестации ги работеше токму тој.

РЕКЛАМА

Беше тивок и благороден човек и со својата добрина и срамежливост запленуваше во својата околина. Беким зад себе остави бројни потписи и присуства зад многу настани и организации.

Секогаш беше на прва линија кога се организираа разно разни манифестации, исламски, културни, спортски, и ред др.

Беше дел од организација на Фудбалскиот клуб Лабуништа, дел од организацијата на навивачката група Гмечери, дел од организацијата на турнири за мал фудбал, дел од организацијата на карете клуб Ерол натпревари, училишни манифестации и многу многу други манифестации. Во една реченица Беким се залагаше и даваше се одсебе за сите манифестации кои се организираа во нашето Лабуништа.

Упатуваме дова до Севишниот Аллах џ.ш. да му се смилува, да му прости и да го награди со Џеннет.

Воедно во име на ТВ Спектра на неговото семејство им изразуваме искрено сочувство.

Inna Lillahi wa inna ilejhi radziun …
Сите сме Аллахови и сите кај Аллах ќе се вратиме…

тв спектра

- Реклами -