7.9 C
Ohrid
четврток, февруари 25, 2021
Почетна Македонија Премиерот Спасовски негативен на коронавирус, останува во домашна изолација

Премиерот Спасовски негативен на коронавирус, останува во домашна изолација

Translate (Eng):[gtranslate]

Премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил објави дека тестот за коронавирус што му бил направен е негативен, но оти останува во домашна изолација додека ги добие препораките од епидемиолозите.

-Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, напиша Спасовски на ФБ.

На сите кои се соочуваат со вирусот тој им посакува брзо оздравување и апелира сите да ги почитуваат мерките, за, како што вели, да му овозможиме на здравствениот систем да ја одржи контролата врз кластерите каде се појавуваат нови случаи на заболени.

РЕКЛАМА
- Реклами -