6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаБоки 13 -Судија ама јас имам 37 температура и не сум способен...

Боки 13 -Судија ама јас имам 37 температура и не сум способен за судење .Судијката го опомена дека од 37.5 па нагоре е повисока

Со денешните завршни зборови на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, во речиси празен суд и под големи безбедносни и здравствени мерки поради зголемениот број на новозаразени со КОВИД-19, почнаа нивните завршни зборови во „Рекет”. Пресудата ќе биде за неколку дена.

 

 

На почетокот на денешното рочиште Боки кажа:
„Судија, утринава на влезот во Кривичниот суд мене ми беа измерени 37 степени Целзиусови телесна температура”.

„Не е опасно. Над 37,5 степени целзиусови е алармантно. Продолжуваме со завршните зборови, повелете”, рече судијката Васка Николовска-Масевска.

„Во ред судија, јас само да си кажам”, додаде Боки 13.

Случајот „Рекет” е чиста брутална политика, оти некој така решил да се води, смета адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, обвинет дека од бизнисменот Орце Камчев изнудил 1,5 милион евра за да го спаси преку Катица Јанева од истрагата „Империја”.

 

 

„Овој случај беше одлична шанса да му се даде на народот тема, за да му се оттргне внимание од друга работа. Му ‘дадоа’ на народот една ташна, го осудија Бојан Јовановски уште пред да се почне постапката. Овој случај нема докази. Видовме само банкноти од 50 евра и женска рака. Тоа трае 3 секунди. Следи сцена од уште 2 секунди, како Зоран Милевски ја носи, т.е. ја мавта, ја летка таа торба како празна. Што гледаме на режираната снимка? Нема примопредавање на пари, на торба”, рече адвокатот Сашко Дуковски, кој по спецификацијата на банкноти по 50 евра, како што тврдеше пријавителот Камчев, и по сумата која тврди дека му ја дал, пресмета дека во торбата требало да има 18,5 килограми пари по 50 евра. А неа, рече тој, осудениот Зоран Милевски ја мавта како пердув.

Исто главна забелешка му е и тврдењето дека намерно обвинителката Вилма Русковска не го извештачи целосно мобилниот телефон на Јовановски и дека судот ги игнорираше упорните укажувања и барања за неселективно вештачење на тој телефон.

Боки 13 ќе зборува по неговиот адвокат, а потоа одбраната на Јанева и на крајот таа.

С. К. ДЕЛЕВСКА

 

извор Сакам да Кажам

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...