6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНе вратија од мртвите: Заразените пациенти од Ковид-19 проговорија јавно пред камерата...

Не вратија од мртвите: Заразените пациенти од Ковид-19 проговорија јавно пред камерата на Тв. Телма.

Ова е Заир Селмани од Куманово. Верува во Бог, ама и во докторите кои му го спасиле животот. Пред две недели кога бил донесен на интензивна нега вели дишел на шкрги, лекарите едвај се избориле за повторно да земе воздух со полни гради, оти снимката на прием покажувала дека коронавирусот опфатил 90 проценти од нив. Денеска го чека вториот негативен тест после помината вистинска битка за воздух, објави Телма.

Селмани еден од повеќетемина пациенти кои се најтешко болни и лежат на инфективна. Оваа девојка освен што има вирус имала итна хирушка интервенција на друга клиника и била во критична состојба.

Денеска е ден во кој од инфективна се испишани 11, но примени 6 нови заразени од Ковид 19. И покрај тоа што тука атмосферата е оптимистичка за во иднина, сепак и болничарите и сестрите и докторите се разочарани од моменталните случувања.

„Многу тажни приказни можат да се слушнат зад болничките врати. Затекнавме старец во многу тешка состојба кој дише со помош на маска. Состојбата многу му се подобрувала се до моментот кога го изгубил својот син исто така од ковид-19. Селмани пак имал повеќе среќа, но се кае што не верувал во опаката болест“, сведочат новинарите на Телма.
извор телма

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...