10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаНа инспектори од ДПИ им било забрането да направат надзор, од локалот...

На инспектори од ДПИ им било забрането да направат надзор, од локалот излегол лидер на партија

Раководителката на Инспекциски надзор одделение Скопје, Мери Проја Продановска, вечерва одржа прес-конференција на Боемска улица во Скопје на која изјави дека инспекторите од Државен пазарен инспекторат, денеска околу 18:30 часот биле спречени да направат контрола во внатрешниот дел во угостителски објект, на оваа улица, со образложение дека угостителскиот објект е од затворен тип и нема гости внатре. Сепак на излегување, кога се вратиле по 2,5 часа виделе дека оттаму излегува лидер на политичка партија. Иако Продановска не спомена име, сепак претходно медиумите објавија дека станува збор за Христијан Мицкоски.

„По два и пол часа се вративме и повторно не нè пуштија да направиме надзор. Од угостителскиот објект излегол лидер на политичка партија“, рече Проја Продановска.

Таа најави дека против угостителскиот објект, односно економскиот оператор ќе биде поднесена кривична пријава по членовите 205 и 206 бидејќи се обавувала дејност во објектот и за спречување на инспекциски надзор.

Порака до сите, граѓани, политичари, претставници на верски заедници. Ситуацијата да се сфати сериозно. Залудно излегуваме на терен ако свеста е на ниско ниво”, додаде инспекторката.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...