10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонец од Италија со порака: Кажете им на скопјани дека прават убиcтвo

Македонец од Италија со порака: Кажете им на скопјани дека прават убиcтвo

Испровоциран од ситуацијата македонец кој живее во Италија испрати моќна порака до сите кои полицискиот час ќе го искористат за излети и викенди надвор од Скопје.

-И додека овде во Италија корона вирусот повеќе не е толку тема број еден како што беше, за жал, мислам дека во Македонија допрва ќе биде, би сакал да грешам, ужасно многу да грешам, ама според она што го гледам, едноставно не можам да премолчам- пишува тој.

Знаете ли зошто во Италија беше толку опасно, целата ситуација со корона вирусот? Е поради таквите како оние сега во Македонија, кога ќе прогласеа карантин во поголемите градови, кои беа опасност и жариште од корона вирусот, господата заминуваа од таму и одеа во помалите населени места, а со тоа успеаа само во едно – го пренесоа корона вирусот низ повеќе делови од државата. И тогаш настана хаосот.

Наместо скопјани да си останат во Скопје, вирусот да биде познат каде е и да се делува на време, тие денес го расширија низ цела Македонија, пред се на пат кон Охрид, каде денес гледајќи ги фотографиите на социјалните мрежи, едноставно не издржав и пуштив солзи. Дури плачев, низ глава ми поминуваа сите страшни слики од Италија со корона вирусот, тоа никогаш нема да го заборавам.

Дали вие кои денес заминавте од градовите каде има карантин се чувствувате среќно, дали вие сте најпаметни на овој свет, дали вие имате грам совест и свест. Да ви кажам нешто на сите вас, вие сте УБИЈЦИ. Можеби некој ќе рече дека ова е премногу остро, ама јас нема да ви молчам, вие не сте ништо друго освен УБИЈЦИ, луѓе кои свесно ставате други човечки животи под ризик, зошто? За да ви биде удобно, затоа што не може да издржите во карантин неколку денови? Срам и арам да ви е!

Карантинот ќе заврши, здравје Боже, ќе заврши и корона-вирусот. Сакам јавно да ве прашам сите вас, сите што заминавте денес од својот град во друг град: Дали можете мирно да спиете, знаејќи дека поради вас некој друг заболел од корона вирус и некој друг починал од корона вирус, поради вас!

Овде во Италија, каде поради корона вирусот немаше погреб на луѓе, се погребуваа бројки секој ден, бројки. ЖАЛНО! – пишува загрижениот човек.

citaj.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...